Спречен обид за грабеж во експозитура на Комерцијална банка во Струга, вработен тешко повреден Скопје, 8 февруари (МИА) - Вработен во експозитура на „Комерцијална банка“ во Струга утрово спречил обид за грабеж од маскирано лице, но при тоа се здобил со тешки повреди од нож.
Како што соопшти МВР, маскираното лице влегло во експозитура на банката на улицата „Маршал Тито“ во седум часот и 30 минути и со закана со пиштол од вработениот М.Т (27) побарал пари. Притоа, вработениот се спротивставил и успеал да му ја отргне маската и пиштолот, за кој подоцна е утврдено дека станува збор за „плашливец“.
Ограбувачот потоа употребил нож со кој на М.Т му нанел повреди по телото поради што му е укажана лекарска помош во здравствена установа во Струга. Поради сериозноста на повредите тој е упатен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
Напаѓачот бил совладан откако на М.Т. му притекнале во помош граѓани и овластени службени лица од Полициската станица во Струга, по што тој е приведен и задржан во станицата. Утврдено е дека станува збор за лицето Д.М. (32) и во моментот се преземаат мерки за целосно рачистување на случајот.
__________________ If you give voice to everyone it will come to chaos. |