Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија > Дневни Вести

Важни забелешки

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 29-11-2008, 13:58   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Ogan pod Zvezdite
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: Skopje, Macedonia.
Возраст: 31
Знак: Шкорпија
Мислења: 4.761
Блог записи: 3
Популарност: barba Новодојденец
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно Шврговски се подготвува да соопшти детали за атентатот врз Глигоров

Љупчо Шврговски, државниот јавен обвинител, во вторник на прес-конференција ќе соопшти што открила истрагата по изјавата на анонимниот сведок за атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров. Пред еден месец Љубомир Фрчкоски во своја колумна објави дека постои сведок за атентатот врз Глигоров. Според него, наводно сведокот го информирал оти тој ја направил спорната фотографија на автомобилот бомба „ами 8“, и дека знаел кој бил купувачот на автомобилот. Фрчкоски исто така напиша дека сведокот го информирал дека зад атентатот стоеле структури на Управата за безбедност и разузнавање. Една недела по објавувањето на неговата колумна, државниот јавен обвинител Шврговски го повика Фрчкоски на разговор, по што овој му го соопшти името на сведокот. Анонимниот сведок беше повикан во обвинителството каде дал и изјава за информациите за атентатот. По ова, Шврговски побара од МВР да ги испита наводите на информаторот.

Се очекува на прес-конференцијата за која е најавено дека ќе се одржи во вторник, обвинителот Шврговски да соопшти дали по информациите на сведокот се откриени нови сознанија за атентатот.

Атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров беше извршен во 1995 година, кога во близина на скопскиот хотел „Бристол“ експлодира автомобил бомба во моментите додека претседателскиот автомобил се движеше кон Собранието. Глигоров беше тешко повреден и го загуби едното око, а загинаа неговиот шофер Александар Спировски и случајниот минувач Христо Христов. Полесно беа ранети телохранителот на Глигоров и уште неколку минувачи.




Шврговски го прослави 48-от роденден - „Џино“ полно со обвинители

Јавното обвинителство вчера околу 14 часот се испразни, а работниот ден за македонските обвинители беше краток.

Со бело вино и мешана салата државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски во текот на работното време со своите колеги го славеше својот 48-ми роденден во скопскиот ресторан „Џино“. Со десетина колеги од обвинителствата, некои од скопското, а дел од обвинителството за борба против организиран криминал, Шврговски го прослави својот роденден во опуштена атмосфера. Јавниот обвинител вчера беше славенички расположен - од колегите доби убаво спакувани подароци и не правеше проблеми и кога го прашавме дали може да го фотографираме.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
детали, Глигоров, атентатот, врз, подготвува, соопшти, Шврговски

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен
Trackbacks се исклучени
Pingbacks се вклучени
Refbacks се вклучени

Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
ДБК не е вмешана во атентатот на Глигоров barba Дневни Вести 2 03-12-2008 01:52
Шврговски и обвинители ги анализираат новите сознанија за атентатот на Глигоров BorisVM Дневни Вести 0 19-11-2008 04:00
Извештајот за атентатот на Глигоров во Обвинителството barba Дневни Вести 0 08-11-2008 15:03
Сведокот за атентатот врз Глигоров најверојатно од понеделник ќе се соочи со државниот обв BorisVM Дневни Вести 0 26-10-2008 08:30
Не сакаа да го убијат barba Дневни Вести 3 24-10-2008 12:47


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 02:39.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47