Што го предомисли Тачи да ја повлече поддршката за стечајците?! Ги употреби ли ДПА стечајците за пазар со Груевски за позиционирање во владата..партиски извори за Канал 5 велат дека лидерот на ДПА на синоќешната средба со премиерот ги договарал министерските позиции во владата за возврат да ја повлече поддршката за законот за стечајците – наводно можна е и ротација на министерски места. Владиниот портпарол Боцевски денеска избегна да одговори што се договарало на тет а тет средбата Груевски Тачи, по која пратениците на Тачи денеска ја повлекоа поддршката за законот за стечајци.
„Партнерите во владата редовно се среќаваат и вчерашната средба е во рамките на редовната комуникација за политичко функционирање на коалицијата“ - рече Ивица Боцевски.
Од ДПА официјално се негира дека Тачи се пазарел за министерски места. Извори во ДПА за Канал 5 тврдат дека владата ќе излегла со решение за стечајците, а ова пратеникот Матоши денеска им го тврдел и на стечајците. Законот за стечајците уште еднаш ги испровоцира односите во владината коалиција – Тито Петковски кој е не задоволен што Груевски нема разбирање за предизборното ветување на НСДП кон стечајците признава дека има проблеми во владината коалиција.
„Има сериозни проблеми во коалицијата, кога неколку министри ви се во оставка а еве нема именуван ни министер од НСДП, сигурно има проблеми, ние очекуваме да биде избран министерот за економија. Инаку лидерите како што можат да се договараат за други прашања, можат в понеделник да се догорат да го решат проблемот со стечајците, наместо да мудруваат чиј проблем е и кој треба да го реши“ - изјави Тито Петковски.
Партиски извори за Канал 5 тврдат дека во владата се калкулирало да се излезе со закон за стечајците евентуално по самитот на НАТО, пред предвремените изборите за кои имало се посериозни размислувања во владата.
__________________ If you give voice to everyone it will come to chaos. |