Шест месеци молк на истражните органи за смртта на 11-те македонски мировници кои загинаа при уривањето на армискиот хеликоптер кај катлановско Блаце, на враќање од мисијата Алтеа во Босна. Семејствата на загинатите војници денеска на гробиштата во Бутел, Камник, Драчево, Куманово и Струмица според христијанските обичаи одбележаа половина година од нивната смрт. Во болка и тага, роднините неуспешно се обидуваат да стигнат до вистината - да дознаат зошто падна леталото и кој е виновен за смртта на нивните најблиски.
Прочитајте повеќе тука...