![]() |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Ogan pod Zvezdite Регистриран: Oct 2006 Локација: Skopje, Macedonia. Возраст: 31
Мислења: 4.761
Блог записи: 3 Популарност: ![]() | СЕ РЕАКТИВИРА ПРОЕКТ СТАР 38 ГОДИНИ Мариовскиот јаглен ќе не спаси од енергетска криза Во мариовскиот регион има наоѓалиште со повеќе од 111 милиони тони јаглен, што е количество доволно за 30-годишна експлоатација, покажуваат процените на словенечки, српски и македонски експерти, кои ги почнале истражувањата уште во 1970-тите, а ги продолжиле во 80-тите години на минатиот век. Според Зоран Божинкочев, претседател на организацискиот одбор на Здружение на енергетичари на Македонија (ЗЕМАК) за истражувањата на јагленот во Мариово, дури 97 милиони тони од тие количества се погодни за експлоатација. Ова огромно наоѓалиште на јаглен се наоѓа на потегот помеѓу селата Манастир и Витолиште. Целиот истражувачки проект се наоѓа во ЕЛЕМ од каде е покрената иницијатива годинава да се преземат натамошни чекори. - Македонија повеќе од 25 години, со исклучок на ХЕЦ „Козјак“, нема изградено никаков нов енергетски капацитет. На државата итно и се потребни нови извори на енергија. Со површинскиот коп Брод-Гнеотино ќе се продолжи само векот на работа на РЕК Битола, но со тоа не може да се покрие недостигот од електрична енергија. Според испитувањата, јагленот во Мариово би се ископувал јамски и можно е да се добиваат од 2 до 2, 5 милиони тони јаглен годишно - вели Божинкочев. Јагленот се наоѓа на длабочина од 2 до 14 метри со просечна дебелина на слојот од 7 метри, во должина од 7 километри и ширина од 2 километри. - Од тој јаглен може да се произведуваат околу 1. 400 гигават часови електрична енергија годишно, а годишниот увоз на Македонија во 2007 година беше 2. 560 гигават часови. Тоа значи дека земјата значително би ја намалила енергетската зависност од увозот на струја - вели Божинкочев. Според некои експерти, ако веднаш се почне со работа, рудникот би можел да проработи за 4 години, а условите за работа таму би биле идеални. - Патната инфраструктура е веќе изградена, а според испитувањата нема опасност од појава на метан под земјата. Самата поставеност на јагленовото лежиште е таква што нема опасност од подземни води - вели д-р Љупчо Попоски, претседател на Друштвото за наука од Прилеп. ЕЛЕМ годинава оддели средства за продолжување на истражувањата на резервите јаглен во Мариово. Според геологот Трифун Милевски од ЕЛЕМ, испитувањата треба да покажат дали е поекономично да се изгради термоелектрична централа тука или јагленот да се транспортира во РЕК „Битола“. Според старата студија, во Мариово би можела да се изгради електрична централа со капацитет од 300 мегавати. - Воопшто не е исплатливо јагленот да се носи во РЕК „Битола“. Тука веќе има изградено патишта, поминува далеководот и нема никаква опасност од загадување на околината - смета Попоски. www.vreme.com.mk |
| | |
| Тагови |
| години, Проект, СТАР, РЕАКТИВИРА |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| За Владо Бучковски 3,6 години затвор | Jakov | Вести и Политика од Македонија | 36 | 21-12-2008 14:38 |
| „Зелената зграда“ во Велес, во изградба веќе 6 години | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 01-12-2008 06:38 |
| 17 години на дното. | Gandalf | Вести и Политика од Македонија | 10 | 21-11-2008 22:36 |
| 100 дена Влада | Jakov | Вести и Политика од Македонија | 57 | 10-11-2008 19:09 |