Три часа обвинителите докажуваа дека 5-темина обвинети за спорна набавка на резервни делови за тенковите Т-55 го оштетиле буџетот за речиси 2,5 милиони евра. Со таа енормно голема количина на делови би се репарирале не само домашните туку и тенковите на соседните земји констатираше обвинителот Петар Аневски обвинувајќи за недомаќинско работење во Министерството за одбрана. Тој рече дека 30 тенкови пред набавката биле на генерален ремонт во Украина така што деловите биле нарачани за 60-тина тенкови а не за 90 како што тврди одбраната на обвинетите.
Прочитајте повеќе...