Aмериканскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс пред претседателот Бранко Црвенковски ја потврдил поддршката на Вашингтон за влез на Македонија во Алијансата. САД и повеќето други држави - членки сметаат дека аспирантките што ги исполнуваат критериумите, не треба дополнително да се условуваат. Во обраќањето на минхенската безбедносна конференција, претседателот Црвенковски рече дека е лажна дилемата како Македонија ќе одговори ако биде поставена пред избор – име или НАТО и повика Алијансата да го зачува кредибилитетот.
Прочитајте повеќе тука...