Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија > Дневни Вести

Важни забелешки

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 16-10-2008, 23:16   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Јосиф Сталин
 
Аватарот на WondeR
 
Регистриран: Sep 2007
Локација: Штип, Македонија
Знак: Близнак
Мислења: 4.199
Блог записи: 3
Популарност: WondeR Новодојденец
Стандардно Русија ја подржува Македонија за признавање на нејзиното уставно име

Русија и натаму ќе ја поддржува Македонија во однос на признавањето на нејзиното уставно име и неговото постојано користење, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски по денешната средба со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Астана, главниот град на Казахстан.
- Оваа политика очекуваме, и ни беше дадено уверување, дека ќе продолжи да биде принцип на Руската федерација и во следниот период, рече Милошоски. Тој, го информирал Лавров за признавањето на Косово од македонска страна.
- Нашето објаснување беше дека тоа е одлука што би ја донела секоја држава доколку би била во позицијата во која се наоѓаме ние, и етнички, и географски и политички, истакна Милошоски.
Лавров на тоа напоменал дека признавањето на Косово е одлука на суверена држава и нејзина самостојна проценка како треба да постапува во такви ситуации.
Во текот на разговорите, двајцата министри се согласиле дека Македонија и Русија треба да ја интензивираат соработката, посебно на економски план. Заеднички било констатирано и дека постои добра пријателска клима меѓу двете земји која треба да се искористи, не само за средби на министерско, туку и за што почести и повисоки посети на претседателско и премиерско ниво.
- Економската соработка засега е скромна. Изразивме желба руските компании, особено од областа на енергетиката, да ги разгледаат можностите што ги нуди Македонија, но и плановите на македонската Влада за проширување на гасоводната мрежа, рече шефот на дипломатијата.
Тој оцени дека од руска страна има подготвеност за стапување во директен дијалог и за разгледување на македонските инвестициски можности.
На средбата, Милошоски го покренал и прашањето за подмирување на Клириншкиот долг меѓу Македонија и Русија кое, како што рече, се очекува да биде решено во следните неколку месеци. - Нашите влади веќе разговараат и очекуваме следните месеци да постигнеме решение што ќе го затвори ова прашање, рече министерот.
Во текот на разговорите станало збор и за прашањата од највисок интерес за Русија – состојбите со Грузија, Абхазија и Јужна Осетија.
Милошоски и Лавров учествуваат на министерската конференција на западните и муслиманските земји „Заеднички свет: Прогрес низ различности“ во Астана, чија цел е да се поттикне глобалниот дијалог заради надминување на цивилизациските разлики.
На утрешната, прва сесија, шефот на македонската дипломатија ќе има обраќање, а попладне треба да се сретне со домаќинот на Конференцијата, министерот за надворешни работи на Казахстан, Марат Тажин.
__________________
The diplomacy is the best thing to solve a conflict.


WondeR моментално е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
код, Македонија, нејзиното, подржува, признавање, уставно, Русија

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен
Trackbacks се исклучени
Pingbacks се вклучени
Refbacks се вклучени

Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Macedonia vs. greece (Името, идентитетот....vol II) Jakov Вести и Политика од Македонија 235 03-01-2009 14:56
Корените на македонската православна црква barba Религија и Митологија 16 31-12-2008 16:26
Бугарите тргувале со Србите за Штип и Кочани, за да ја добијат Кавала од Грците slasa Македонска Историја 1 26-11-2008 11:01
Нема промена на ставот на Полска во врска со уставното име на Македонија BorisVM Дневни Вести 0 12-11-2008 02:30
100 дена Влада Jakov Вести и Политика од Македонија 57 10-11-2008 19:09


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 00:18.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47