Русија наликува на Германија пред зголемувањето на моќта на Хитлер, изјави естонскиот претседател Русија на претседателот Владимир Путин наликува на Германија во годините пред да се зголеми моќта на Адолф Хитлер, изјави претседателот на Естонија во денешното интервју за весникот “Москва тајмс“. Преседателот Томас Хендрик Илвес изјави за весникот дека Русија „имаше менталитет на забивање нож во грб што ме потсетува на Вајмарската Република“.
- Вајмарскиот менталитет...е толку сличен што јас навистина се надевам дека ние не одиме во погрешна насока, рече тој за весникот што излегува на англиски јазик.
Вајмарска Република е името на Германија во периодот по завршувањето на Првата светска војна во 1918 година до 1930 година. За време на овој период на економска криза моќта на Хитлер се зголеми благодарение на национализмот и желбата за одмазда за военото понижување во Првата светска војна.
Естонија, која беше дел од Советскиот сојуз за време на Втората Светска војна, стана независна по пропаѓањето на Сојузот во 1991 година.
Односите меѓу Талин и Москва се напнати. Русија ги отфрла естонските обвинувања за окупација и прекршување на човековите права, посочувајќи дека Црвената армија фактички ги ослободила Балтичките земји од нацистичка Германија.
__________________ The diplomacy is the best thing to solve a conflict. |