![]() |
| |||||||
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Администратор | Робин О'Нил: Македонија има право да се вика како што сака 20.03.2008 19:29 Робин О'Нил „Македонија направи многу великодушни компромиси. Владата на Грција не направи никаков компромис“, изјави во интервјуто за Би-Би-Си Робин О'Нил, поранешен посредник во спорот за името. Какви беа позициите за ова конкретно име Република Македонија (Скопје), кое Вие го предложивте? На крајот на преговорите од 1992 година известив дека Македонија е подготвена да го прифати името Република Македонија (Скопје) за меѓународна употреба. Значи, би се употребувало во сите меѓународни организации, на пример ОН и ОБСЕ, како и во односите со сите други земји. Тоа беше понудата на Македонија за која го известив Европскиот совет. На тој состанок на Советот тогашната Влада на Грција го одби тоа и рече дека мора да се најде име во кое зборот Македонија не се појавува. Така ги оставивме работите. Колку Македонија и Грција беа и се подготвени на компромис, по Ваше мислење? По мое мислење, Македонија направи многу великодушни компромиси. Владата на Грција не направи никаков компромис. Во меѓународното право Македонија има право да се вика како што сака, нема простор за компромис од Грција таму. Има политичка загриженост во Грција, која јас не можам да ја разберам. На пример, и во ЕУ Белгија има провинција која се вика Луксембург и до неа има земја со истото име и тоа не е никаков проблем за никого. Проблемот со Македонија и Грција е ист. Некои правници во Македонија препорачуваат да се прекинат преговорите и Македонија да се жали пред меѓународен суд. Би било ли тоа мудро? За жал, не би го решил политичкиот проблем со Грција и не би го решил проблемот за членство во НАТО и ЕУ. Често се случува да добиете судска одлука која ќе ви донесе правда, но нема да го решите политичкиот проблем.
__________________ ![]() ![]() |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 1 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| биле, Како, код, Македонија, Молк, право, Робин |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| TEMELOT NA PRAVOSLAVNATA VERA | stepo | Религија и Митологија | 72 | 22-12-2008 22:24 |
| Што било прво: Црквата или Новиот Завет? | barba | Религија и Митологија | 0 | 12-12-2008 19:08 |
| ХРИСТИЈАНСКИ БИСЕРИ | gospel | Религија и Митологија | 6 | 06-12-2008 00:16 |
| Soveti za duhoven zivot | stepo | Религија и Митологија | 1 | 26-10-2008 20:16 |