Ризик за економскиот раст во 15 земји-членки на еврозоната, тврди претседателот на ЕЦБ Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Жан-Клод Трише предупреди на засилен ризик за економскиот раст во 15 земји-членки на еврозоната. Трише, на прес-конференцијата одржана после одлуката на ЕЦБ главната каматна стапка да ја задржи на досегашните четири отсто, укажа на „невообичаено големата глобална економска неизвесност“, која што би можела да ги поткопа економските изгледи на овој ервропски блок.
Тој сепак рече дека на вчерашниот состанок на монетарниот одбор на ЕЦБ немало барања ниту за зголемување, ниту за намалување на референтните камати, но додаде дека банката останува претпазлива и да може да делува „во кое било време“.
Финансиските аналитичари прогнозираат дека централната банка на еврозоната ќе почне да ја олабавува монетарната политика кон средината на годинава и на тој начин ќе се придружи кон централните банки во САД, Велика Британија и уште некои земји, кои со соборувањето на официјалните камати настојуваат да ги поправат условите на економско делување.
Податоците објавени минатата седмица покажуваат дека годишната стапка на инфлација во „еврозоната“ во јануари се зголемила на рекордни 3,1 отсто, што е значително над горните проектирани граници на ЕЦБ од два проценти. Тоа е највисоко ниво на инфлација во 15 членки на зоната откако заедничката валута е воведена во берзанското тргување во јануари 1999 година.
__________________ The diplomacy is the best thing to solve a conflict. |