Се одбројуваат последните часови од почетокот на букурешкиот самит на НАТО. Македонската делегација веќе пристигна, шефот на државата, премиерот и владините министри. Но неизвесноста и натаму трае, ќе добие ли Македонија покана за членство во НАТО? Дипломатски извори за Канал 5 не ја исклучија можноста Македонија да добие покана за членство под референцата Македонија, која ја избираат како најверојатна опција во ситуација кога не се гледа решение за спорот со името. Шансите за покана се големи за сите три земји од Јадранската група, изјави за Канал 5 висок дипломатски извор.
Прочитајте повеќе тука...