Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија > Дневни Вести

Важни забелешки

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 25-07-2008, 14:28   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Ogan pod Zvezdite
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: Skopje, Macedonia.
Возраст: 31
Знак: Шкорпија
Мислења: 4.757
Блог записи: 3
Популарност: barba Новодојденец
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно Почнува одбележувањето на 45-годишнината од скопскиот земјотрес

Скопје, 25 јули (МИА) - Градските власти денеска започнуваат со реализација на програмата за одбележување на 45-годишнината од катастрофалниот земјотрес во кој животот го загубија 1.070 луѓе, а 3.000 беа повредени.
Програмата, која годинава е под мотото „Скопје - 45 години град на солидарноста и меѓународното пријателство“, започнува во Музејот на Град Скопје, со отворање на изложбите „Скопје - солидарност и пријателство“, Донација Јурген Пиплов, Германија и Слики од Курт Нојбауер, Германија. Потоа пред платото на старата железничка станица ќе започне културно-музичка манифестација, ќе се отвори интерактивната изложба „Солидарност“, и дечиња ќе изработуваат акварели.
В петок изутрина на Градските гробишта „Бутел“ ќе се положи цвеќе за жртвите во земјотресот, а вечерта ќе се одржи свечена академија на скопската тврдина Кале. Манифестацијата ќе биде отворена мултимедијално, со танцот „Град на имагинацијата“. Потоа ќе им бидат доделени плакети на Лоренс Иглберг и Кристофер Хил од САД, Торвалт Столтенберг од Норвешка и Вернер Трини од Германија, четворицата нови почесни граѓани на Град Скопје.
На 26 јули во Домот на АРМ, традиционално ќе се спроведе и крводарителната акцијата на „Црвениот крст“ на Скопје.
Катастрофалниот земјотрес се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 мунити, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствува на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот беа урнати 15.800 станови, а оштетени беа 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.
Од трагедијата на Скопје целиот свет беше возбуден и ангажиран. Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност.
Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Во времето кога екипи стручњаци на ОН почнаа да пристигаат во Скопје, во седиштето на меѓународната организација беше речено дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност. На 23 септември 1963 година 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. По четири дена, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје.
На 14 октомври, по двочасовна дискусија, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје. Во Резолуцијата се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје.
Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 - 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место.
И новиот град не бил поштеден од сеизмички појави. Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени, по што градот вторпат бил разурнат.
Последното трето големо катастрофално разурнување на Скопје се случи пред точно 45 години, утрината на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути. вј/дма/9:04
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
45годишнината, земјотрес, одбележувањето, почнува, скопскиот

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен
Trackbacks се исклучени
Pingbacks се вклучени
Refbacks се вклучени

Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Инцидент на одбележувањето на 100 годишнината на албанската азбука во Битола BorisVM Дневни Вести 0 21-11-2008 04:30


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 14:52.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47