![]() |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Ogan pod Zvezdite Регистриран: Oct 2006 Локација: Skopje, Macedonia. Возраст: 31
Мислења: 4.758
Блог записи: 3 Популарност: ![]() | Пациентите и медицинскиот персонал ќе бидат под надзор во јавното здравство. Ќе бидат снимани кога чекаат пред амбулантите, шалтерите, кога се движат по ходниците во болниците. Ќе биде евидентирано секое движење без разлика дали некој чека лекарски преглед или оди на посета. ![]() Речиси во сите здравствени установи интензивно работат на поставување на камери. Одлуката е на Министерството за здравство донесена во времето на Имер Селмани. Некои директори на клиники велат дека никој не ги прашал за мислење иако повеќето не го оправдуваат видео надзорот. За ова реагираат и од синдикатот на клиниките. Од министерството пак велат дека нема да има злоупотреби на снимките. - Не секој што доаѓа на лекар сака да биде виден и снимен. Не ми е јасно која е намерата со поставувањето на камерите. Секако дека како синдикат ќе побараме објаснување бидејќи и од вработените не секој сака да биде сниман. Контролата на работата се врши на друг начин - вели д-р Дејан Ставриќ, претседател на Синдикатот на Клинички. ..ќе му дадеме шанса на проектот но нема да биде дозволена злоупотреба на снимките. Доколку било што не е во согласност со правата на пациентите ќе реагираме и ќе преземеме мерки, вели министерот за здравство Бујар Османи Од Дирекцијата за заштита на личните податоци велат дека камерите се многу инвазивен метод и кога веќе ги поставуваат во болници ликовите да бидат заматени. Од Министерството за здравство наводно ќе ја почитуваат таа препорака, но тогаш, лекари се прашуваат што би била целта на снимањето. Реагираат и пациентите кои велат дека приватноста не смее да биде нарушена. - Апарати да се купат, камерите се последни. И камери да се стават џабе..што фајде ако ти сега мене ме гледаш треба да ме снимаат да постават дијагноза - реагираат пациенти. За поставувањето на камерите се издвоени половина милион евра од буџетите на министерството и фондот, а се уште се водат преговори кој ќе го врши видео надзорот.
__________________ I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!! Peace is lie, there is only a passion, Trough passion i gain strength, Trough strength i gain power, Trough power i gain victory, Trough victory my chains are broken. The Force shall set me free |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 5 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| ВИДЕОНАДЗОР, лекарите, пациентите, нов |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Подземната улица под кејот ќе биде готова до 2010 година | barba | Дневни Вести | 0 | 18-11-2008 08:38 |