Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија > Дневни Вести

Важни забелешки

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 04-09-2008, 15:44   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Ogan pod Zvezdite
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: Skopje, Macedonia.
Возраст: 31
Знак: Шкорпија
Мислења: 4.188
Блог записи: 3
Популарност: barba Новодојденец
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно Оли Рен на прес-конференцијата по средбата, потврди дека Македонија има направено најмногу од земјите од регионот

ЕВРОКОМЕСАРОТ ОЛИ РЕН СО ОЦЕНКА
МАКЕДОНИЈА НАПРЕДУВА ВО ИСПОЛНУВАЊЕТО НА ПОСТАВЕНИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ЕУ
Еврокомесарот за проширување Оли Рен по денешната средба во Брисел со македонскиот вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, истакна дека Македонија има направено напредок во исполнувањето на поставените услови за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Еврокомесарот Оли Рен на прес-конференцијата по средбата, потврди дека Македонија има направено најмногу од земјите од регионот за визна либерализација, пред се со биометриските пасоши, функционален, национален визен систем, интегрирана гранична контрола и борбата со трговијата со луѓе, организираниот криминал и корупцијата, и оти македонските граѓани наскоро ќе можат да патуваат во ЕУ без визи.

Рен со Боцевски и Милошоски, јави известувачот на МИА, разговарал и за политичкиот дијалог, кохабитацијата и подготвеноста на сите институции за заедничко работење во процесот на евроинтегрирањето.

Вицепремиерот Боцевски истакна дека Македонија има реализирано 75 проценти од осумте предуслови што ги доби од Европската комисија за одредување датум за почнување на преговорите со ЕУ. Тој наведе дека под политички дијалог се мисли на изборните насилства и за кохабитацијата меѓу претседателот и премиерот.

Веќе 70 луѓе се изведени пред судските органи поради изборните насилства, додека кохабитацијата, како што рече е демократски процес. Боцевски нагласи дека за евроинтегративните процеси во Македонија има целосен консензус.

На средбата со Рен не се разговарало за спорот со името. Одговорајќи на новинарско прашање македонскиот вицепремиер за европски прашања, рече дека Македонија активно учествува во процесот за изнаоѓање на решение за наметнатиот спор со името. Потврда за тоа, како што подвлече, е неодманешната посета на посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц кој во Македонија беше примен на највисоко политичко ниво и во главниот град, а во Грција беше примен во Солун и на најниско ниво.

Претходно, Боцевски и Милошоски се сретнаа со потпретседателот на Европската комисија Жак Баро. На средбата главна тема беше визната либерализација. Според Баро, Македонија предничи меѓу државите од регионот во процесот на визна либерализација, а во извештаите на ЕК не е рангирана како ризична земја. Тој истакна дека Македонија може да очекува визна либерализација во 2009 година.

Баро се интересирал и за реформите во полицијата, во судството и за борбата со корупцијата.

Боцевски и Милошоски попладнево имаат работен ручек со амбасадорите на земјите членки на ЕУ по што ќе се сретнат и со генералниот директор на Директоратот за проширување Мајкл Ли, како и со неколкумина европратеници. Вечер ќе присуствуваат на свеченото отворање на просториите на Мисијата на Република Македонија при ЕУ.

Престојот во Брисел ќе го закружат утре со средби со европраламентраци и со обраќање на вицепремиерот Ивица Боцевски во Центарот за европски политики.
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
дека, Македонија, Оли, потврди, пресконференцијата, средбата, Рап

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Милошоски: Не треба многу да се очекува од средбата за името в понеделник BorisVM Дневни Вести 0 05-10-2008 03:11
ДУИ и официјално потврди дека влегува во владата на Груевски BorisVM Дневни Вести 0 06-07-2008 00:40
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ BorisVM Дневни Вести 0 13-05-2008 01:30
ОДИХР потврди дека е добиено барање од македонските власти за набљудување на изборите BorisVM Дневни Вести 0 18-04-2008 08:30
Апелација потврди дека Бачило е организиран коруптивен синџир WondeR Дневни Вести 0 14-04-2008 21:51


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 11:04.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69