![]() |
| |||||||
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Ogan pod Zvezdite Регистриран: Oct 2006 Локација: Skopje, Macedonia. Возраст: 31
Мислења: 4.739
Блог записи: 3 Популарност: ![]() | Не можеме да успееме без да се обединиме Проблемот со малите инвестиции на нашите иселеници во земјава е што луѓето се' уште се жалат на судските реформи во Македонија и на правната несигурност, вели Коловски ![]() За само четири години организацијата Обединетата македонска дијаспора стана најкохезивен фактор во македонското иселеништво. Со околу 90.000 члена, дејствување на сите континенти, јасно декларирани цели и принципи, организацијата со седиште во Вашингтон, САД, последниве години дава голем придонес во изразувањето на македонските интереси. Мето Коловски, претседател на ОМД, вели дека активностите за да се одбрани уставното име на Република Македонија сега им се во преден план. Но, истовремено со тоа се работи на зајакнувањето на деловните врски помеѓу татковината и иселениците, остварувањето на нивното право да гласаат на избори...Роден е во градот Гарфилд, во државата Њу Џерси. Колоски (24) е од првата генерација од неговото семејство родени во САД, откако таму се преселиле неговите родители. Татко му потекнува од Кичевско, а мајка му од Крушевско. По завршувањето на студиите за политички науки и меѓународно право, тој сега работи во адвокатска фирма во Вашингтон, која ги застапува странските компании. * Во Македонија сте со цела делегација на ОМД за да ги претставите сите активности што досега сте ги имале, особено за актуелниот спор со Грција. Што досега направи македонската дијаспора на тој план? - Нашата организација е формирана за да ги претставува интересите на Македонцитесекаде во светот. Присутни сме во сите големи градови и лобираме за името и човековите права. Честопати лобираме во Конгресот на САД. На пример, пред две недели за само три дена посетивме 150 канцеларии во Конгресот и таму добивме огромна поддршка за името. Некои од нив се согласија да се вклучат во група на пријателство доколку таа се формира. Оваа недела нашите волонтери планираат да ги посетат другите 200 канцеларии во Конгресот. Ги посетивме и тие што се прогрчки настроени за да им ги доставиме нашите аргументи. Нашиот став е дека не прифаќаме ни придавки ни додавки на уставното име, не дозволуваме да се смени нашето име и ниедна држава нема право да ни кажува кое е нашето име. Уставно право и право на народот во меѓународни рамки е да се идентификува како македонски народ, граѓаните како Македонци и државата како Македонија. ЛОБИРАЊЕТО ДА РЕЗУЛТАТИ * Колкав успех во лобирањето имате досега? - Можеме да кажеме дека поради нашето лобирање се врши поголем притисок врз американски, како и европски и австралиски институции да и' помогнат на Македонија. Во Конгресот ќе има расправа за Македонија, а грчкото лоби со нивните пријатели поднесоа резолуција за поздравување на влезот на Албанија и на Хрватска во НАТО и поддршка за влез на Србија, Црна Гора и Босна. Македонија воопшто не се спомнува. Нашите пријатели од Демократската партија во Конгресот сега ќе образложуваат зошто Македонија треба да стане членка на НАТО. Пред два месеца издејствувавме да се повлече еден од потписниците на познатата прогрчка резолуција. За прв пат во историјата се случи еден конгресмен да отстапи од претходниот став. Плус имаше многу големи притисоци од дијаспората, праќавме писма, а неодамна во најголемиот весник во Њу Џерси излезе статија против Менендез, сенаторот што го блокира доаѓањето на Филип Рикер за амбасадор во Македонија. * Дали ги координирате овие активности со Владата? - Ние како невладина, непартиска и непрофитна организација базирана во Вашингтон со гранки низ целиот свет, си ја правиме својата програма без мешање од разните владини институции. Ние сепак ги информираме за средбите што сме ги имале, но ние ги донесуваме одлуките со кого ќе се среќаваме. Доаѓаме овде да кажеме дека ние сме подготвени на каква било соработка и дека сме на располагање да и помогнеме на татковината. Ќе помагаме без разлика која партија е на власт. Ние не се мешаме во внатрешните структури на Република Македонија, туку сакаме да помогнеме за да се подобри ситуацијата и надворешната слика кон Македонија. * Може ли евентуален избор на демократот Барак Обама за претседател на САД да се случи нивен пресврт во однос на нашето уставно име? - Не, не веруваме дека ќе се смени ставот кон Македонија за името. Америка не би го сменила ставот ако веќе ја признала Македонија. Грците сега се обидуваат да направат се' за демократите да ја сменат одлуката. Но, не е само претседателот кој донесува одлуки. Има 16.000 луѓе, кои работат за Стејт департментот, кои ја градат надворешната политика на САД. Сепак, многу е добро што имаме и демократи пријатели во Конгресот, практично ист е бројот и на нашите поддржувачи меѓу републиканци и демократи. ![]() ПОПИС ПО ЕТНИЧКОТО ПОТЕКЛО * Според последните податоци од Бирото за попис од 2000 година, во САД живеат нешто повеќе од 43 илјади Македонци. Тоа се чини малку во однос процените. Што е причината? - Проблемот во САД е што на пописот не се прашува од каде ти е потеклото, туку кој јазик го зборуваш дома и каде си роден. Нема прашање за тоа од каде потекнуваат твоите родители и што ако не зборуваш македонски дома. Токму таков е случајот со поголем број од Македонците во САД, Канада и во Австралија. Така што не се броиш како Македонец. Јас би кажал дека зборувам македонски, но би се изјаснил како Американец па јазично ќе се бројам како Македонец, но по националност или етничка база не се бројам. Затоа, ОМД склучи договор со американски институт кој ќе лобира кај американската влада да се воведе прашањето за етничка определеност. Во Австралија пред две години почнавме едукативна кампања и баравме од Македонците да се изјаснуваат како Македонци на пописот, па за 15.000 се зголеми нивната бројка во Австралија. Нашата процена е дека во Австралија има 300.000 Македонци , во САД од 500.000 до 800.000 од прва, втора, трета и четврта генерација. * Впечатокот овде е дека има многу организации на Македонци што не се меѓусебно организирани и координирани? - Точно е тоа, и затоа ние се крстивме Обединета македонска дијаспора бидејќи без обединета дијаспора, без цврсти црковни општини и организации, ние не можеме да успееме. Дефинитивно постојат многу организации, но проблем е што еден или двајца ги водат, немаат големо членство, финансиски не се способни. За нас е многу битно ако постојат повеќе организации, да бидат организирани и професионални. Проблемот кај нашата дијаспора е што ниедна организација, тука би ја критикувал и МПЦ, никогаш не сме успеале младите да ги вовлечеме да бидат активни. Првпат ОМД е организација во која речиси сите се млади. Се разбира, имаме и постари, но сите директори во нашите одбори се помлади од 35 години, сите се образовани, со семејства и ова го прават од љубов за Македонија. * Ве плаши ли процесот на претопување во таа средина, бидејќи факт е дека се намалува бројот на Македонците? - Кога има успех секој сака да биде дел од успехот. Исто е и со Македонија, кога напредува социо-економски и кога е цврста држава и економски стабилна, секој сака да биде нејзин дел. Веруваме дека ќе има пресврт и дека повеќе Македонци ќе се заинтересираат. ОМД има околу 86 илјади члена и сакаме да градиме нешто како Светскиот еврејски конгрес и да бидеме една од најјаките македонски организации во светот. Се разбира дека постојат проблеми со финансии. Сега, се повеќе македонски бизнисмени се заинтересирани да не финансираат. За една и пол година успеавме да отвориме канцеларија во Вашингтон, а тоа е за прв пат Македонците во невладиниот сектор да имаат претставништво. Сега работиме на отворање претставништво во Мелбурн и во Брисел. * Какви ви се односите со грчката дијаспора. Имате ли контакти со нив? - Ние сме се обиделе и сме за средби со грчката дијаспора. Сакаме да соработуваме со нив, ако не за името и човековите права, барем за регионални прашања. Но, тие не прифаќаат соработка ни за тоа. Ние понудивме. Сме побарале средби со грчката амбасада во САД, не се согласија. Побаравме средба со грчката амбасадорка во Скопје, не беше прифатена. *Иселениците контактираат со Македонија главно во текот на летните одмори. Што е потребно за да се зајакнат тие врски? - Ние имаме во план да спонзорираме три инвестициски конференции за Македонија, во Мелбурн, Париз и во Истанбул. Соработуваме со македонската амбасада за да се организира успешна конференција и во Њујорк. Сакаме да носиме што повеќе инвеститори во Македонија. Проблемот е што луѓето се уште се жалат на судските реформи овде и на сигурноста на нивните инвестиции. И повикуваме што побрзо да се забрза таа процедура, за климата за инвестиции да биде „попријателска“. Досега, реално зборувајќи, дијаспората не била вклучена во градењето на Македонија толку добро како во последните две години. На состаноците што ги имаме тука потенцираме дека за дијаспората треба да има четири пратенички места во парламентот. На тој начин ќе се обезбеди и нејзиниот глас во градењето на татковината, за напредокот во економскиот, политичкиот и културниот живот. Малку информации од амбасадата * Каква е вашата комуникација со македонската амбасада во Вашингтон? - Може да биде и подобра. Тоа е реално во САД, Канада, Австралија, во Париз. Најмногу им забележуваме за информациите. На пример, имаше проекти за координативно тело за дијаспората и ние за тоа не дознавме од нашата амбасада, туку од надвор. Нема ни информации за тендери што се распишуваат во Македонија. Мора да има поинтензивна комуникација. Реално сите амбасади се со мали екипи и со многу обврски и јасно е дека не можат со се да се расправаат. Но, комуникацијата треба да се подобри.
__________________ I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!! Peace is lie, there is only a passion, Trough passion i gain strength, Trough strength i gain power, Trough power i gain victory, Trough victory my chains are broken. The Force shall set me free |
| | |
| Тагови |
| ДИЈАСПОРА, Обединетата, Македонска, МЕТОКОЛОВСКИ, претседател |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Македонска Православна Црква: вести и настани | barba | Религија и Митологија | 18 | 31-12-2008 17:01 |
| Првите 110 книги од мега проектот 130 тома македонска книжевност се промовирани во Тетово | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 06-12-2008 07:32 |
| Македонска Репрезентација | barba | Фудбал | 17 | 14-11-2008 17:55 |
| Во извештајот на Европскиот Парламент стои Македонија и македонска нација | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 14-11-2008 03:00 |