![]() |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Јосиф Сталин | 36 европски држави веќе пријавиле свои кандидати за 7-мо светско чудо на природата. Меѓу нив се речиси сите наши соседи. Предничи Грција со дури три номинации: архипелагот Санторини, планината Олимп и карпите Метеора. Бугарија со две номинации: карпите Белоградчик и реката Сребарна. Хрватска со Плитвичките езера. Словенија иста така две номинации: езерото Блед и пештерите Скоцјан. И Србија има свој кандидат карпите Ѓаволов град. Црна Гора - кањонот на реката Тара. Само Македонија дури 8 месеци од почетокот на годинава се уште нема номинирано ниту една природна убавина за седмо светско чудо. Организатор на Изборот за седмо светско чудо на природата, Тиа Виеринг, за А1 вели: „Срамота е што нема ниту една номинација од Македонија. Ова се однесува на сите земји во светот. Минатата година имавме над 100 милиони гласови од целиот свет и знам дека имаше гласачи и од Македонија.“ „Затоа оваа година, смета Виеринг, Македонците треба да играат активна улога, да номинираат македонско чудо и потоа сите да гласаат за него. Така и луѓето од светот ќе дознаат нешто повеќе за Македонија.“ Организаторите на изборот, којшто трае до крајот на годинава, велат дека иако гласањето започна се уште не е доцна. Номинацијата преку интернет може да ја направи Комитет за номинација од македонски државјани поддржан од Владата. Националниот парк Галичица, канонот на реката Радика, Смоларските водопади, двете пештери Врело кај Матка, карпестиот град кај Кратово, пелситерските очи се само некои од природните убавини на Македонија кои може да бидат кандидирани. Потоа македонското чудо ќе биде ставено на гласање заедно со кандидатите од другите држави. Ако добие доволно гласови и се пласира до 77-мото место влегува во светскиот избор на 7 нови светски чуда на природата. Право на глас имаат дури и деца над 6 години. Извор А1 Телевизија.
__________________ The diplomacy is the best thing to solve a conflict. |
| | |
| Тагови |
| Кандидат, Македонија, мана, седмо, Светско |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Macedonia vs. greece (Името, идентитетот....vol II) | Jakov | Вести и Политика од Македонија | 235 | 03-01-2009 14:56 |
| Корените на македонската православна црква | barba | Религија и Митологија | 16 | 31-12-2008 16:26 |
| Лондон: Македонија нема потреба од финансирање од ММФ | barba | Дневни Вести | 0 | 11-11-2008 13:51 |
| 100 дена Влада | Jakov | Вести и Политика од Македонија | 57 | 10-11-2008 19:09 |
| Нема да има промена во американската политика кон Македонија | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 30-10-2008 23:20 |