![]() |
| |||||||
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Јосиф Сталин | Во име на љубовта е поп композицијата која ќе ја претставува Македонија на изборот за песна на Евровизија во Белград. Триото Тамара, Врчак, Адријан Гаџа убедливо ја понесоа победата на годинашниов избор добивајќи ги максималните поени и од публиката и од петочленото жири. Тројцата млади пејачи со подеднакво успешни соло – кариери сметаат дека се златна комбинација која ќе ја претстави Македонија во најдобро светло. - Им благодариме на сите, мислам дека по фер избор не можеше да биде. Ќе дадеме се од себе за добро да ја преставиме Македонија – изјави триото веднаш по прогласувањето на победата Вицешампионското место му припадна на Ламбе, Ристо Самарџиев беше трет, а зад него останаа Сашо гигов Гиш, Соња Тарчуловска, Паркети. Првпат по 10 години изостанаа скандалите и обвинувањата за наместени избори. Поголемиот дел од учесниците беа задоволни од организацијата со поплаки за квалитетот на ТВ преносот. - Реално се беше како што треба, со тоа што преносот бил катастрофа, си победија поштено – велат момците од Нокаут. - Кога се нијанси во прашање, од некој 4 песни беше и оваа која помина како победник, нема простор за дилема – вели Ристо Самарџиев. - Мислам дека публиката не ја прими мојата песна, на победниците им честитам и со среќа, нека се држат храбро – вели Ламбе. МТВ имаа голем пропуст, од толку проби повторно ми ја пуштија матрицата пред време – вели Туна. Организаторите од МРТВ се правдаат дека совршен телевизиски пренос не постоел. - Она што го гледаат преку кабелските не е наш производ туку преку посредници – вели Александар Сидоровски. Синоќа беа понудени 15 композиции во помалку или повеќе познатите евровизиски шаблони, со поинвентивно сценографско решение. Метрополис арена остана полупразна. Дел од ревијалната програма беше посветен на нашата трагично загината ѕвезда Тоше Проески. Архивските снимки од МРТВ предизвикаа солзи кај публиката. За крај на победниците совет им даде евровизиската ѕвезда Хари Варешанович кој 2006-тата во Атина се пласираше на високото трето место: - Најважна е песната и не треба да се оптоваруваат со многу работи околу себе. Претставникот треба само најдобро да ја отпее. Вчерашната вечер, евровизиските фанови ја крстија Супер сабота затоа што приближно во исто време се одржуваат рекордни 9 домашни избори за претставници на Евросонг. Во Хрватска победата ја понесоа Краљеви улице, а во бугарија Дип зон и Балтазар со поп реге песната “Take me away“.
__________________ The diplomacy is the best thing to solve a conflict. |
| | |
| Тагови |
| Белград, доби, Кој, Македонија, патува, победникот |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Веронаука, СВЕТО ОТКРОВЕНИЕ - Светото Писмо и Светото Предание | barba | Религија и Митологија | 250 | 27-12-2008 19:18 |
| TEMELOT NA PRAVOSLAVNATA VERA | stepo | Религија и Митологија | 72 | 22-12-2008 22:24 |
| Zivot po smrta,postoi ili ne? | stepo | Религија и Митологија | 62 | 09-12-2008 21:50 |
| ХРИСТИЈАНСКИ БИСЕРИ | gospel | Религија и Митологија | 6 | 06-12-2008 00:16 |