Портпаролот на Владата на Република Македонија Ивица Боцевски осврнувајќи се на вчера објавената информација на телевизија Сител дека Владата донела 12 насоки на делување во случај Грција да стави вето на нашиот влез во НАТО рече дека нема да коментира хипотетички ситуации.- Владата на Република Македонија нема да коментира хипотетички прашања, вклучувајќи го и ова прашање што се однесува за евентуалното вето од грчка страна при нашиот прием во НАТО, меѓутоа гледаме дека оваа позиција станува извесна. Државниот врв е во редовна комуникација, а се разбира дека Република Македонија како секоја нормална и организирана држава во една ваква ситуација ќе ги преземе сите мерки што и стојат на располагање како одговорна членка на меѓународната заедница, рече Боцевски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфернеција во Владата.
Прочитајте повеќе тука...