![]() |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| #macedonia @ & Moderator | Шест милиони дрвца на вкупно 100 локации во Македонија ќе бидат засадени утре во рамки на акцијата „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“. Акцијата ја иницира маестро Борис Трајанов, а се реализира со поддршка на Владата. Во пошумувањето е предвидено да се вклучат сите граѓани, општините, Градот Скопје, училиштата, невладините организации, медиумите, компаниите... Во акцијата активно ќе се вклучи и Армијата на Република Македонија. Повеќе од 1.800 припадници на АРМ од седум армиски гарнизони ќе засадат околу 200.000 млади стебла на 14 пунктови низ земјава. Заради поголема масовност денот е прогласен за неработен, а ќе се одработи на 22 овој месец. За оние кои сакаат да засадат дрвце е обезбеден бесплатен превоз на секои два часа, почнувајќи од 8:00 наутро до 14:00 попладне. По повод „Ден на дрвото“, денеска, во близина на споменикот на Ослободителите на градот дрвца засадија премиерот Никола Груевски и членовите на Владата. Во кругот на македонското Собрание, пак, дрвца ќе засадат спикерот Трајко Вељаноски, пратениците и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски. Денеска, исто така, по едно дрвце пред Католичката црква во Скопје засадија и поглаварите на петте врски заедници во Македонија, Македонската православна црква, Римокатоличката, Исламската, Евангелистичко-протестантската и Еврејската црква. Со тоа ќе ги повикаат своите верници масовно да се вклучат во граѓанската акција. Завчера, промотивно, пред салата „Борис Трајковски“ дрвца засадија министрите за надворешни работи, за внатрешни работи и за одбрана Антонио Милошоски, Гордана Јанкулоска и Зоран Коњановски, замениците-министри за надворешни работи и за животна средина и просторно планирање, Зоран Петров и Соња Лепиткова, претставници на дипломатскиот кор и естрадни уметници. Акцијата за пошумување чија цел е зачувување на животната средина и подигнување на еколошката свест, почна во март годинава кога во еден ден беа засадени два милиона дрвца. Садниците и тогаш ги купи Владата од јавното претпријатие „Македонски шуми“. Во март 2009, по примерот на Македонија, и останатите балкански земји ќе спроведат акција на пошумување со по шест милиони садници. Извор: МИА (Македонска Информативна Агенција)
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |
| | |
| Тагови |
| денес, брата, Македонија, милиони, Нови, сади, шест |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Macedonia vs. greece (Името, идентитетот....vol II) | Jakov | Вести и Политика од Македонија | 235 | 03-01-2009 14:56 |
| Корените на македонската православна црква | barba | Религија и Митологија | 16 | 31-12-2008 16:26 |
| 100 дена Влада | Jakov | Вести и Политика од Македонија | 57 | 10-11-2008 19:09 |