Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија > Дневни Вести

Важни забелешки

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 24-02-2008, 14:37   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Јосиф Сталин
 
Аватарот на WondeR
 
Регистриран: Sep 2007
Локација: Штип, Македонија
Знак: Близнак
Мислења: 4.087
Блог записи: 2
Популарност: WondeR Новодојденец
Стандардно Лоши сценарија за регионот по признавањето на Косово

По прогласувањето независност Косово станува европска Палестина која ќе продуцира нестабилност и нови кризни ситуации во регионот, смета професорот Љубомир Цуцуловски. На денешната трибина организирана од демократската партија на Србите во Македонија, прогнозираше дека новата ситуација ќе ги мотивира Албанците кои живеат во повеќе балкански земји да бараат да се обединат во една албанска држава:

- Немале да се обединуваат. Не сакале сите Албанци во една држава. Тоа се само приказни, кои се нелогични. Како што беше нелогично постоењето на две Германии или на два Виетнама, а беше логично тие да се спојат, така логички ќе биде трите или четирите албански држави, зависи што ќе се случи во Грција, да се спојат. Тоа значи уништување на Македонија.

И професорката Билјана Ванковска размислува слично – вели дека со прекршувањето на меѓународното право и одделувањето на Косово од Србија, давањето на право на Албанците за ексклузивност на самоопределување се заговара постоење на чисти етнички држави на Балканот. Веќе се случува поделба на Косово и со овој чекор регионот и Македонија влегуваат во нов циклус на нестабилност- вели Ванковска.

- Македонија стана би-национална држава и станува. И со Косово и без него, прогнозирам дека наскоро на маса ќе биде ставено прашањето за формална федерализација на земјата. Тоа е само прашање на време - додава таа.

Смета дека Македонија ќе ги покаже сите атрибути на слаба држава и ќе го признае Косово по диктат на Вашингтон и Брисел. Ова прашање ќе ја подели домашната јавност, предвидува лидерот на македонските Срби Стоиљковиќ:

- РМ во овој момент треба да бира дали да го почитува меѓународното право или да ги прифати уцените на САД, како стратешки партнер.

Додека во домот на АРМ се одржуваше трибината во организација на партијата на Стоиљковиќ, објектот го обезбедуваа поголем број полицајци.
__________________
The diplomacy is the best thing to solve a conflict.


WondeR моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
Косово, лоши, признавањето, сценарија, регионот

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Македонија нема да брза со признавањето на независноста на Косово BorisVM Дневни Вести 0 27-02-2008 02:00
ДПА за предлогот на Нимиц и за признавањето на независноста на Косово WondeR Дневни Вести 0 24-02-2008 14:36
Македонските институции имаат планови за реакција при различни видови сценарија за Косово BorisVM Дневни Вести 0 09-02-2008 22:00
Сценаријата за делба на Косово загрижувачки за Македонија BorisVM Дневни Вести 0 09-02-2008 09:50
Сценаријата за делба на Косово загрижувачки за Македонија BorisVM Дневни Вести 0 08-02-2008 21:50


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 11:04.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68 69