Консултативна средба на државниот врв за името Претседателот на Република Македонија Црвенковски денеска имаше консултативна средба со премиерот Груевски во врска со разговорите за разликите околу името меѓу Република Македонија и Република Грција што се водат со посредство на медијаторот Нимиц. На средбата, по која немаше изјави, присуствуваа и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, шефот на Кабинетот на премиерот Мартин Протуѓер, како и македонскиот претставник во разговорите за името Никола Димитров.
Средбата се случува ден пред потпишувањето на пристапните протоколи за членство на Албанија и Хрватска во НАТО во Брисел.
Поканата за членство на Македонија, која заедно со Албанија и Хрватска беше дел од Јадранската група, на самитот на НАТО во Букурешт беше блокирана од страна на Грција поради спорот за името.
Извор А1 Телевизија.
__________________ Виртуелна Македонија |