Отворањето дисперзирани студии од скопскиот државен универзитет во Абу Даби е пред финализирање – за 15-тина дена се очекува и формално потпишување договор за соработка меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и групацијата Бин Хам за отворање најпрво колеџ, а потоа и универзитет во Обединетите Арапски Емирати. Скопскиот универзитет понудил, а тамошните министерствата прифатиле да се организираат меѓународно признаени, три и пет годишни студии. Во Абу Даби најпрво ќе се стартува со студии по биомедицински науки - дефицитарни за Емиратите.
Прочитајте повеќе тука...