Какви отстапки до сега направи Македонија во спорот со Грција? И по 16 години од проблематизирањето на нашето име од страна на Грција и стотина предлози ставени на преговарачка маса, решение за спорот не се најде. Проблематизирањето на името дојде веднаш по независноста. Масовни протести во Грција, засилен меѓународен притисок и едно и пол годишно ембарго, со тоа се соочуваше Македонија во првите години од независноста. Предлозите за преименување во Централно-Балканска Република добиен во Австрија и за ново име кое нема да го содржи зборот Македонија соопштен во Лисабон не беа прифатени. Предлогот добиен во Единбург за Република Македонија (Скопје) беше само првично прифатлив за нашето раководство.
- Заради дополнителен чекор кон компромис како израз на добра волја би можеле да ја изразиме подготвеноста за додавка на името за надворешна употреба со термин што уште попрецизно ја лоцира државната територија, иако тоа е непотребно. Со името на главниот град во заграда - објаснуваше тогаш македонскиот претседател Киро Глигоров.
- Мора да кажам дека имаше моменти кога се прашував дали владата на Грција сакаше да го види успехот на Македонија. Ми се чинеше, и овде не велам дека тоа беше ставот на грчката влада, но можев да видам дека ќе беше поедноставно за Грција доколку Македонија стане уште еднаш дел од Србија и исчезне - вели британскиот преговарач Робин О Нил.
По одбивањето на предлогот Европската економска заедница ја упатува Македонија спорот да го решава во Обединетите нации. Соочена со предизвикот да биде признаена, Македонија прифати прием во оваа меѓународна организација под привремената референца Поранешна југословенска република Македонија, предлог кои стигна од Шпанија, Велика Британија и Франција.
Во меѓувреме Македонија покажа конструктивност. Го промени државното знаме и Уставот под притисок на грчката страна .мегу предлозите што стигнаа од Сајрус Венс и лорд овен, се одбија Република Нова Македонија и Славо Македонија. Во септември 95-тата беше потпишана Времената спогодба, со која Грција се обврза дека нема да го блокира нашето членство во организациите во кои таа веќе е членка. Пресвртница во спорот беше признавањето на нашето уставно име од страна на САД на 4 ноември 2004.
Предлогот што Македонија го оцени како добра основа за заокружување на преговорите стигна во октомври 2005, кој предвидуваше во период од две години земјава во меѓународните организации да се именува како Република Македонија на латиница, а по 2008-та како Republic of Macedonia го одбија Грците.
__________________ The diplomacy is the best thing to solve a conflict. |