![]() |
| |||||||
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Ogan pod Zvezdite Регистриран: Oct 2006 Локација: Skopje, Macedonia. Возраст: 31
Мислења: 4.737
Блог записи: 3 Популарност: ![]() | Индустрискиот гигант „Орланди“ од италијанскиот град Бреша ќе гради фабрика за производство на приклучни уреди за камиони и земјоделски машини во слободната економска зона „Бунарџик“.Премиерот Никола Груевски и сопствениците на компанијата, денеска ќе потпишат меморандум со кој првично е предвидена изградба на производствен погон со 120 вработени, а во втората фаза проширување на производството со дополнителни линии и вкупно 500 вработени. ![]() „Орланди“ кој пред неполни три месеци најави дека сака да го прошири своето производство во Македонија, пред се поради атрактивните бизнис услови и ниските даночни стапки, во новата фабрика во скопски „Бунарџик“ ќе инвестира околу 10 милиони евра. Ова, директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо кој заедно со министерот за финансии Трајко Славески го придружуваат премиерот Груевски во Италија, е прва посериозна италијанска инвестиција во Македонија. Во рамките на работната посета на Италија македонскиот премиер во Бари завчера присуствуваше на отворањето на еден од најголемите саеми во Европа на кој учествуваат најрелевантните бизнис-лидери од европскиот и медитеранскиот регион. Саемот го отвори италијанскиот премиер Силвио Берлускони кој во својот говор, меѓу другото, го потенцираше македонско-италијанското пријателство и притоа истана дека Македонија е дестинација за инвестиции на италијанските компании.
__________________ I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!! Peace is lie, there is only a passion, Trough passion i gain strength, Trough strength i gain power, Trough power i gain victory, Trough victory my chains are broken. The Force shall set me free |
| | |
| Тагови |
| гладот, гради, индустриски, ИТАЛИЈАНСКИОТ, фабрика, „БУНАРЏИК“, „ОРЛАНДИ“ |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|