Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија > Дневни Вести

Важни забелешки

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 14-04-2008, 21:48   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Јосиф Сталин
 
Аватарот на WondeR
 
Регистриран: Sep 2007
Локација: Штип, Македонија
Знак: Близнак
Мислења: 4.183
Блог записи: 3
Популарност: WondeR Новодојденец
Стандардно Името централна тема на меѓународна конференција во Атина

Името се наметнало како централна тема на денешната меѓународна конференција во Атина – Балканот, сегашност и иднина, во организација на влијателниот “Дипломаси магазин”. Настапот на македонскиот амбасадор во Грција Благој Ханџиски предизвикал серија прашања и реакции од присутните во салата. Ханџиски реагирал на тоа што првично бил поканет под кратенката Македонија, за подоцна организаторите да го употребат целосното привремено име – Поранешна Југословенска Република Македонија.

- Јас сум амбасадор на Република Македонија – држава призната од Хеленската Република под привременото име Поранешна Југословенска Република Македонија. Никогаш не сум одбил покана под привременото име и покрај неговата навредливост - изјави Ханџиски.

Во настапот, Ханџиски рекол дека Македонија дала основа, но дека Грција одбила да се согласи со влез на земјава во НАТО. Зборувал за македонскиот идентитет, јазик и култура. Грчката министерка Бакојани, која исто така учествуваше на конференцијата, повторно повика на решение:

- Бараме решение кое е заеднички прифатливо и изводливо. Бараме решение кое е дефинитивно, функционално и изводливо во секој аспект. Веруваме во моќта на дијалогот, во звучноста на она што го велиме, во големината на нашите принципи. Ќе продолжиме со напорите во овие преговори со несмален интерес, бидејќи безбедноста, напредокот и просперитетот на Балканот е голема визија.

Претходно, во интервју за денешното издание на весникот “Та неа”, Бакојани изјавила дека се надева на решение на името до декември. Во спротивно, Грција ќе стави вето и за датумот за преговори со Европската Унија. На овие закани од Бакојани, реагираше портпаролот на македонската влада.

- Името Македонија нам ни е оставштина од нашите предци и тоа е име кое како оставштина ќе го оставиме за идните генерации. Во тој смисол ова е национално прашање за Македонците и Македонија и кога станува збор за него јасен е нашиот одговор - рече Боцевски.

Најновата македонско-грчка полемика доаѓа во пресрет на посетата на посредникот Метју Нимиц на Скопје и Атина в четврток и петок. Нимиц не носи нов предлог, туку е во мисија да го тестира расположението кај двете страни за продолжување на преговорите.
__________________
The diplomacy is the best thing to solve a conflict.


WondeR моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
АТИНА, Името, конференција, меѓународна, тема, централна

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен
Trackbacks се исклучени
Pingbacks се вклучени
Refbacks се вклучени

Директно отидете до:


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 06:34.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47