Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија > Дневни Вести

Важни забелешки

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 24-05-2008, 20:19   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
член
 
Регистриран: Feb 2008
Знак: Шкорпија
Мислења: 3.398
Популарност: Magical Storm ја има оневозможено популарноста
Стандардно И Македонија има ЈОЗЕФ ФРИЦЛ

Ја силувал и тепал сопствената ќерка, а сопругата по претепувањето ја заклучувал во соседната просторија.
Инцест во скопско Рашче. Хазби Исмани, 37-годишен жител на Рашче, најмалку шест месеца наназад ја силувал 17-годишната ќерка.
Нејзината мајка била немоќна да и помогне. Сакал и доцна ноќеска да го изврши монструозното дело, но девојката избегала.
Како трча избезумена по селските улици ја забележале полициски „Алфи“. Случајот заедно со мајка и го пријавиле, а монструмот Исмани бил уапсен.
Во полицијата мајката и ќерката ја раскажале голготата која ја преживувале. Двете биле со големи модрици по лицето и телото.
Хазби Исмани ги терал секогаш по силувањето и тепањето облеката да ја перат за да не останат траги.
Сепак, злоставуваната девојка сокрила дел од алиштата, кои треба да ги потврдат грозоморните случувања во куќата.
„Откако мајката ќе пружела отпор, односно откако ќе се обидела да го запре таткото во неговите намери, тој започнувал да ја тепа и ја заклучувал во едната соба, по што продолжувал да го врши насилството врз девојчето и да го извршува чинот на силување“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
Хазби Исмани бил чувар на водоводот во Рашче. За соселаните бил добар, но за домашните насилник. Во Рашче велат дека веќе извесен период бил постојано пијан.
Семејството Исмани е во шок. Не сакаат да зборуваат пред камера и не замолија да го заштитиме идентитетот на нивната внука.
Каква личност е монструмот кој може да ја силува сопствената ќерка? Психолошки слаб, социјално недоизграден на што влијаат и други фактори.
Алкохолот е последната капка кон девијантното однесување, вели психијатарот Славица Хаџи Ангелковска.
„Тоа се луѓе коишто имаат во основа послаби психолошки снаги. Е сега, на тоа кога ќе се надоврзат и некои други надворешни фактори, вклучувајќи ги и социјалните фактори, лоши социјални фактори, придонесуваат до полесно откочување на агресивните и сексуалните однесувања, кои обично се врзани“, рече Славица Хаџи Ангелковска, психијатар.
Сега главната грижа треба да се насочи кон силуваното девојче и нејзината мајка. Двете веќе биле прегледани од психијатар.
Доктор Хаџи Ангелковска посочува, неопходно е да се засили социјалната мрежа на центри, со цел намалување на грозоморните случување внатре во семејството.

Хазби Исмани
Magical Storm моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
код, Македонија, Фрицл, ЈОЗЕФ

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен
Trackbacks се исклучени
Pingbacks се вклучени
Refbacks се вклучени

Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
EK: Македонија се уште има криза во политичкиот дијалог BorisVM Дневни Вести 0 20-11-2008 04:27
Македонија ги има сите капацитети веднаш да ги почне преговорите за членство ВО ЕУ barba Дневни Вести 0 17-11-2008 17:56
Македонија и Турција потпишаа договор ист како оној што го има Македонија со САД BorisVM Дневни Вести 0 12-11-2008 02:30
100 дена Влада Jakov Вести и Политика од Македонија 57 10-11-2008 19:09
Библија на Атеизмот1 (Атеист вс Религиите) ateisst Религија и Митологија 21 02-10-2008 22:26


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 06:24.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47