И Македонија и Грција викендов ги договараа стратегиите со кои ќе настапат во Њујорк На маса има повеќе предлози за името – грчката министерка за надворешни работи и покрај обидот во јавноста во Атина да се загрее атмосфера дека Нова Македонија е најблиску до прифатливо решение во спорот за името, признава дека нема само еден предлог на разговорите - преговорите се уште не се во таа фаза изјави Бакојани.
- Нема име на маса во овој момент, не сме до таа точка. Има навистина многу имиња кои се вртат, многу имиња се слушнати, за многу имиња зборуваат луѓето меѓу себе, најмногу од времето овие имиња се разговараат во кругови кои се надвор од преговорите, но во овој момент не сме стигнати до точката за едно име да биде на маса. Бидејќи Вие продолжувате да пишувате дека се приближуваме околу Нова Македонија – вели Бакојани.
- Денеска има многу наслови во весниците за тоа!?
- Добро, јасно и дефинитивно - во овој момент нема едно име.
Во пресрет на клучната средба задутре во Њујорк, викендов се консултираше и грчкиот владин врв. По средбата со Караманлис , Бакојани изјави дека ако до самитот на НАТО нема решение потврдено со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите Нации, ставот на Грција е јасен.
Без да конкретизира какви насоки добил од државниот врв вчера македонскиот преговарач Димитров соопшти дека заминува во Њујорк со прецизни инструкции. Нема прогнози колку ќе трае њујоршката рунда разговори на медијаторот Нимиц со двајцата преговарачи кои ќе бидат на отворена линија со властите дома.
Во меѓувреме НАТО ја објави првичната програма за самитот во Букурешт – за покана за прием на нови членки ќе се решава на 3 април. Тој дел од сесијата на северноатлантскиот совет на ниво на премиери и претседатели на држави ќе биде затворен за јавноста. Веднаш потоа НАТО предвидува заеднички состанок на раководствата на досегашните со новопоканетите држави.
__________________ The diplomacy is the best thing to solve a conflict. |