Да се решат статусот на децата-бегалци и прашањето на нивните имоти во Грција, како и да се признае постоење на македонско малцинство – бара Никола Груевски во писмо испратено до Костас Караманлис. За темите отворени пред медијаторот Метју Нимиц, Груевски и директно му се обраќа на грчкиот премиер - потсетува на настани од грчката граѓанска војна во која неколку стотици илјади граѓани како бегалци заминале од своите домови во Грција и се населиле во Република Македонија, САД, Австралија, Русија.
Прочитајте повеќе тука...