Владата ги игнорира критиките за неисполнување на бенчмарковите зададени од Европската Комисија кои во петокот ги пренесе евроамбасадорот Ерван Фуере. Премиерот Груевски, во интервју за италијанската национална телевизија РАИ, од кое поенти пренесе владиниот сектор за односи со јавноста, рекол дека Македонија ги има исполнето сите стандарди за зачленување во НАТО, а што се однесува до осумте критериуми поставени од ЕУ, 75 отсто се веќе исполнети, а целосно завршување се очекува до почетокот на октомври.
Прочитајте повеќе...