Грчката и кипарската делегација, навредени од употребата на името – Република Македонија, вчера во Вашингтон ја напуштиле меѓународната конференција за спречување на ширењето на оружје за масовно уништување. Откако претставникот на земјата - домаќин и организатор – Соединетите Американски Држави и се обратил на земјава со уставното име, во моментот кога во салата влегувал советникот за национална безбедност на Џорџ Буш Стивен Хедли, од собирот заминал шефот на грчката делегација и амбасадор во САД Алексадрос Маљас, за по него, во знак на солидарност конференцијата да ја напушти и делегацијата од Кипар.
Прочитајте повеќе тука...