Грција го купи „Сенки“ на Милчо Манчевски за киноприкажување "Севн груп", една од најголемите грчки медиумски групации, на изминатото „Берлинале“ го купи филмот „Сенки“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски, објави светскиот дистрибутер "Баварија филм интернешнл". После "Пред дождот", "Сенки" е вториот македонски филм што воопшто ќе се прикажува во грчките кина.
"Сенки" во Грција доаѓа во екот на официјалната антимакедонска кампања за промена на уставното име на Република Македонија и заканите за вето за нејзиниот прием во НАТО.
- Изненадувачки е што Грција го купи "Сенки" и покрај тоа што во филмот имплицитно се споменува егзодусот на Македонците од Егејска Македонија, наведуваат од Сенка филм. Историскиот контекст на егзодусот на Егејците е детално објаснет во пропагандните материјали на "Баварија", а досега е споменуван и во сите рецензии за филмот што излегоа во светот, велат од „Сенка филм“.
На Берлинскиот фестивал "Сенки" е продаден за киноприкажување и во Руската федерација и во Мексико.
Фестивалскиот поход на "Сенки" продолжува следниов викенд со белградски ФЕСТ, каде ќе има и ретроспектива на Манчевски, па Софија, Истанбул, Гвадалахара, Копенхаген, Сингапур и Брисел. По тримесечно прикажување во Скопје и рекорден број гледачи, "Сенки" се уште игра низ кината во Македонија.
__________________ The diplomacy is the best thing to solve a conflict. |