Грчки војници од КФОР во обид да ја поминат границата кај Богородица без валидни патни исправи Гевгелија, 4 јуни (МИА) - На граничниот премин Богородица вчера во 7.40 часот пристигнал контингент на КФОР со грчки војници, кои не поседувале валидни патни исправи, за што не им било дозволено да ја поминат границата за влез во Република Македонија.
- Војниците од контингентот на КФОР не поседувале валидни патни исправи за да ја поминат границата. Тие носеа идентификациски картички кои ги употребуваат во базите, појасни портпаролот на секторот за гранични работи на Граничната полиција Елизабета Петковска. Таа посочува дека контингентот на КФОР, чија крајна дестинација најверојатно била Бонд Стил во Косово, не бил претходно најавен, што претставува пракса односно вообичаено сите контингенти однапред се најавуваат.
По укажувањето од страна на службените лица на граничниот премин Богородица, која е процедурата и оти таа треба да се почитува, грчките војници од КФОР по извршени консултации, најверојатно со нивните надлежни, одлучиле да се вратат назад во Грција.
__________________ The moment I first saw you, you warmed my heart, the second time you made little flames and now you make my heart burn like hell ! |