Во велешко Ново Село горат големи површини под пченица. Пожарникарите три часа не можат да ги стават под контрола пламените јазици бидејќи пожарот се шири со огромна брзина а дува и силен ветар. Огнот е вистинска закана за стотина хектари под жито на приватна парцела за која до овој момент не се знае чија е. Пожарот го предизвика автобус на автотранспортното претпријатие “Берово – Транс” кој се запалил во движење. Него пожарникарите успеале да го изгаснат но тешко оди гаснењето на нивите со жито.
Прочитајте повеќе тука...