Осми март – меѓународниот ден на жената. Ден за прослава на долгогодишните напори и постигнувањата за правата на жените, на нивната храброст и посветеност. На тоа што е сторено и што треба да се стори. 1908-та година 15 илјади текстилни работнички маршираа низ Чикаго борејќи се за поголема плата, помало работно време и подобри услови за работа. Денеска жените во Македонија имаат право на глас, вклучени се во политичките процеси, но од друга страна секоја четврта жена е изложена на семејно насилство и стапката на невработеност е поголема кај женската популација.
Прочитајте повеќе тука...