Не знаеме со сигурност каква ќе биде одлуката на Европскиот совет на министри, кој во декември треба да донесе одлука дали на земјава треба да и бидат укинати визите од страна на Европската Унија. Подобро е да чекаме отколку да шпекулираме за можниот исход, со воздржаност одговара холандската амбасадорка Симоне Филипини на последните информации од Брисел дека е можно одлагање на укинувањето на визите за македонските граѓани до 2010 година. Холандија, земјата која ја претставува Филипини, е една од најскептичните во Европската Унија по прашањето на укинувањето на визите за земјите од Западен Балкан.
Прочитајте повеќе...