Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија > Дневни Вести

Важни забелешки

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 20-07-2008, 16:57   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Ogan pod Zvezdite
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: Skopje, Macedonia.
Возраст: 31
Знак: Шкорпија
Мислења: 4.739
Блог записи: 3
Популарност: barba Новодојденец
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно ЕПИСТОЛА НА ДОСТОИНСТВОТО

Грците читаат македонски


Логично би било во оваа епистоларна форма да се препознае суштинска дидактичка содржина која упатува не на дефокусирање на наметнатиот проблем со името, ами на јасно ставен фокус на демократијата која, сигурен сум, се' уште не е загубена заложба во грчкото општество, особено поради тамошното инсистирање и фалба дека „Аристотеловиот цвет“ изникнал токму на нивната почва

По многу посни и бесплодни години во кои на меѓународен план се жнееја ретки успеси или напати дури и сосем видливи неуспеси, деновиве Македонија, барем кога станува збор за дипломатските потези, конечно почна да личи на држава. На онаа вистинска суверена и независна која го штити својот и интересот на своите граѓаните и која независно од силните притисоци отстрана, од диктатите, обидите за наметнување патронство, уцените и условувањата, цврсто стои зад својата позиција; позиција што несомнено го носи и знакот на равенство со вистината и правдата.Се разбира, зборувам за писмото на премиерот Никола Груевски до неговиот грчки колега Костас Караманлис, од кое за првпат во историјата на оваа земја јавноста има можност да стане сведок на едно „безобразно обраќање“ и досега еретичко барање да се признае евидентно постојното македонско национално малцинство во Грција и да се вратат имотите на протераните Македонци со што ќе се исправи историската неправда и ќе се придонесе за подобрување на односите меѓу двете соседни земји. И да, зборувам за едно не само храбро епистоларно обраќање во кое би се препознале провокацијата и каприцот, туку за комуникација што сугерира упатување на вистинскиот проблем меѓу двата соседа и, секако, на писмо кое и' го враќа достоинството на оваа држава и ја става во позиција на рамноправен партнер во заемните односи.

Според очекувањата, навикнати на досегашната дефанзивна меѓународна политика што ја водеше Македонија во однос на својот јужен сосед, писмото на премиерот Груевски предизвика во Грција низа негативни реакции при што нивната амплитуда оди од неверување и шок до такви расположби кои веројатно можат да се идентификуваат и како хистерија. Така, здружената грчка политика во обраќањето препознава обид да се блокираат и парализираат преговорите околу името, тие да се доведат во ќор-сокак, да се дефокусира вниманието за спорот; се потенцира наводен екстремен национализам кој сее ветер, а жнее бура; се оценува како безобразна провокација, режија, постизборно бладање, отворен напад врз Република Грција; се упатуваат закани од типот „нека не се влече лавот за опашката (демек, лавот е Грција!), затоа што реакцијата понекогаш му е многу чудна (демек, ќе не' голтне?!)“, ќе се затвореле границите и слично. Меѓутоа, сеедно од негативно конотираните реакции, од непримерниот вокабулар, врескавата дикција и заканите произлезени од очигледната грчка немоќ да се спротивстават на фактите, Караманлис, Бакојани и останатата политичка булумента напросто мора да ја погледнат вистината в очи што на одреден начин, во нормални околности, би резултирало со искажана благодарност за упатеното обраќање од страна на македонскиот премиер. Зашто, ќе се согласите, писмото не ги нотира само објективните проблеми и пречки што ги обременуваат односите на двете земји, туку ја освежува и меморијата, едуцира и бездруго претставува огромна помош и поддршка на Грција за нејзиното доближување и прифаќање на цивилизациските придобивки.Значи, логично би било во оваа епистоларна форма да се препознае суштинска дидактичка содржина која упатува не на дефокусирање на наметнатиот проблем со името, ами на јасно ставен фокус на демократијата која, сигурен сум, се' уште не е загубена заложба во грчкото општество, особено поради тамошното инсистирање и фалба дека „Аристотеловиот цвет“ изникнал токму на нивната почва. Исто така, грчката политика не би смеела да ја пренебрегне апсолутно добронамерната поука за тоа што, всушност, претставуваат човековите права во современиот и цивилизиран свет, правото на самоопределување, богатството на мултиетнизмот, исправањето на историските неправди, одвраќањето од фашизоидните, геноцидни заложби да се одземе правото на идентитет... Конечно, Република Грција, членка на ЕУ и НАТО, би морала да ни искаже благодарност и поради бесплатната едукација по предметот меѓународно право и примена на неприкосновените светски стандарди, посебно во оној дел што го третира неотуѓивото право на сопственост, имот, наследство, дедовина, родно огниште...

Но барем засега, Република Грција, заробена во проклетството на национализмот како испробан рецепт за амортизирање на реалните проблеми во државата, со манир примерен на тоталитарните политики жестоко ја тероризира позитивната и добронамерна македонска комуникација и ист таков обид да живееме добрососедски, што објективно ја спречува да скршне од оној срамен недемократски и геноциден азимут по кој од поодамна се чекори. А погледот упатен од тој пат на кој вирее национализмот, шовинизмот, психологијата на трлото, манипулацијата, неправдата и неслободата, нормално е дека ќе види ирелевантно покренати прашања во писмото на премиерот Никола Груевски. Нашиот поглед, пак, ќе препознае офанзивна и некалкулантска меѓународна политика, смела и достоинствена порака која и' става крај на една сервилна и уплашена политика, крај на вечното исполнување на условувањата и уцените и на досегашната дипломатска работа во полза на сопствената штета.

Милан Банов (Авторот е новинар)
__________________
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain
strength,
Trough
strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free

barba моментално е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
ЕПИСТОЛА, ДОСТОИНСТВОТО

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен
Trackbacks се исклучени
Pingbacks се вклучени
Refbacks се вклучени

Директно отидете до:


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 01:02.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47