Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија > Дневни Вести

Важни забелешки

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 20-02-2008, 17:42   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Јосиф Сталин
 
Аватарот на WondeR
 
Регистриран: Sep 2007
Локација: Штип, Македонија
Знак: Близнак
Мислења: 4.183
Блог записи: 3
Популарност: WondeR Новодојденец
Стандардно ЕЛЕНОВСКИ ОПТИМИСТ ПО СИНОЌЕШНАТА СРЕДБА

Министерот за одбрана на Република Македонија, Лазар Еленовски, по синоќешната заедничка средба во Пентагон со неговите колеги од Хрватска и Албанија со американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс, изрази оптимизам дека трите земји од Јадранската повелба ќе ја добијат поканата за членство во НАТО на самитот во Букурешт во април.
- Ќе треба да се редефинира иднината на Јадранската група имајќи предвид дека новите држави од регионот треба да се приклучат кон една ваква многу полезна регионална иницијатива, изјави Еленовски по средбата со Гејтс во Вашингтон, која се одржува во исклучително важен период за земјите А-3 и е последна пред одржувањето на самитот на НАТО.
На средбата, која претставува продолжување на трансатлантскиот дијалог помеѓу земјите од А-3 и САД, од страна на Гејтс немало никакви забелешки, ниту пак укажувања за тоа што треба да се сработи до самитот во Букурешт. Главна тема на која се разговарало на средбата биле одбранбените прашања биле, а бил поздравен и придонесот на земјите од А-3 во мировните мисии во Ирак и во Авганистан.
- Целиот наш придонес како Армија и одбрана покажува високо ниво на свесност за тоа кои се и кои ќе бидат нашите обврски како идна членка на НАТО, потенцира македонскиот министер за одбрана Еленовски.
Заедничка констатација на министрите за одбрана на Македонија, Хрватска и на Албанија, како и на американскиот државен секретар за одбрана, подвлече Еленовски, е дека Јадранската група во многу работи помогнала да се поттикнат регионалните иницијативи и соработка и тоа, како што рече, на воено, но и политичко и демократско поле.
- Јадранската група е успешна приказна и ќе гледаме да ја пренесеме на останатите дрзави во регионот, порача Еленовски.
Еленовски имаше средба и со американксиот заменик државен секретар Џон Негропонте, кој покажал интерес за прашањето за името со Грција, меѓутоа, како што потенцира македонскиот министер за одбрана, немало никакви услови врзани за уставното име за членство во Алијансата. САД, посочи Еленовски, од средбата во Атина посакува компромис.
Министерот Еленовски попладнево ќе има излагање во Атлантскиот совет, при што ќе се фокусира на постигнувањата во одбранбената сфера и вредностите кои земјите ќе ги увезат со своето зачленување во Алијансата.
__________________
The diplomacy is the best thing to solve a conflict.


WondeR моментално е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
Еленовски, Оптимист, СИНОЌЕШНАТА, средба

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен
Trackbacks се исклучени
Pingbacks се вклучени
Refbacks се вклучени

Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Еленовски ги повика Премиерот и претседателот да го обноват дијалогот BorisVM Дневни Вести 0 11-12-2008 21:00


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 03:04.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47