ДПА за предлогот на Нимиц и за признавањето на независноста на Косово Кога станува збор за последниот предлог на Метју Нимиц, ставот на ДПА и на Албанците е и ќе биде конструктивен, изјави денеска во Дебар лидерот на партијата Мендух Тачи. Од принципиелни аспекти, додаде тој, не сакам да се изјаснувам околу предлогот на Нимиц бидејќи утре имаме лидерска средба.
- Најважно е сите политички сили во Македонија и двата најголеми етникума да изградиме заеднички став. Тогаш преговарачките позиции на Македонија ќе бидат посилни – нагласува Тачи.
Во врска со признавањето на независноста на Косово од страна на Македонија, Тачи одговори дека Косово сега ги минало и еуфоријата и емоциите.
- Кога Македонија ќе го признае Косово? Кога ќе каже ДПА – дециден е Тачи.
Тој најави дека многу брзо ќе биде ратификувана спогодбата за укинување на визниот режим меѓу Македонија и Албанија, што е во интерес на граѓаните на двете земји.
__________________ The diplomacy is the best thing to solve a conflict. |