Изборот на адвокат за судија во Врховниот суд од 24 кандидати меѓу кои и досегашната судијка во Судот за човекови права во Стразбур, е атак врз независноста и непристрасноста во процесот на избор на судии. Тоа е спротивно на домашните и меѓународните стандарди и на обврската за јавна и транспарентна постапка. Ова е реакцијата на Маргарита Цаца Николовска, која вчера не доби поддршка од Судскиот совет да се врати во Врховниот суд од каде што замина во Стразбур пред девет години.
Прочитајте повеќе тука...