Демократската унија за интеграција освоила 18 пратеници а Демократската партија на Албанците 11 пратеници, соопшти Државната изборна комисија. По вчерашното прегласување, на контото на ДУИ има 125.997 гласа, а кај ДПА 83.678 гласови. Според податоците на ДИК, по еден пратеник загубија двете коалиции предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. “За подобра Македонија” има еден пратеник помалку во шестата изборна единица а коалицијата “Сонце” во втората изборна единица. Новиот парламент според сегашните резултати ќе го сочинуваат 63 пратеници од ВМРО ДПМНЕ, 27 од СДСМ, 18 од ДУИ, 11 од ДПА и еден пратеник од ПЕИ.
Прочитајте повеќе тука...