Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Вести и Политика од Македонија > Дневни Вести

Важни забелешки

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 26-02-2008, 10:56   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Јосиф Сталин
 
Аватарот на WondeR
 
Регистриран: Sep 2007
Локација: Штип, Македонија
Знак: Близнак
Мислења: 4.182
Блог записи: 3
Популарност: WondeR Новодојденец
Стандардно Четири години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Денеска се навршуваат четири години од авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски и осуммина негови соработници и членови на екипажот. Владиниот „Кингер“ со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина, на 26 февруари 2004 година се урна во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близина на Мостар. Авионот требаше да слета на мостарскиот аеродром во осум часот по локално време. Остатоците беа пронајдени 24 часа по паѓањето на авионот.
Едногодишната истрага што ја водеа надлежните македонски и босански органи покажа дека причина за уривањето се пропусти на екипажот направени во процедурата за приоѓање на аеродромот Мостар во услови на сложена метеоролошка состојба, густа магла и облачност. Пропустите биле во тоа што екипажот отстапил од процедурата за слетување, откако претходно ја известил контролата на летање дека ја прифаќа процедурата и дека врши полна процедура при слетувањето.
Министерството за внатрешни работи побара од Јавното обвинителство да се отвори повторно истрага за несреќата што беше одбиено со образложение дека одлуката е донесена врз основа на грижлива, совесна и сеопфатна анализа на комплетниот прибавен доказен материјал непосредно по падот на авионот и оти нема нови докази за повторување на истрагата.
Министерката Гордана Јанкулоска вчера изјави дека не ја отфрла можноста за повторно отворање на истрагата за допрецизирање на причините за авионската несреќа.
- Не ја отфрламе можноста за отворање на истрагата, напротив, секој дополнителен доказ, секоја дополнителна информација многу сериозно ќе ја разгледаме се со цел конечно овој случај да добие завршница, во смисла да се дознае вистината и да имаме јасна слика што се случи со авионот, изјави Јанкулоска.
Таа посочи дека Министерството за внатрешни работи во континуитет ги разгледува сите сознанија во врска со несреќата.
Повторно покренување истрага побара и швајцарскиот европратеник Андреас Грос, личен пријател на трагично загинатиот претседател.
Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.
На местото на несреќата една година по паѓањето на авионот беше откриено спомен обележје. Пред споменикот денеска ќе биде одржана комеморативна церемонија на која ќе присуствуваат претставници на Амбасадата на Македонија во Босна и Херцеговина, на босанските власти и други делегации.
__________________
The diplomacy is the best thing to solve a conflict.


WondeR моментално е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
години, Борис, загинувањето, претседателот, Трајковски, Четири

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен
Trackbacks се исклучени
Pingbacks се вклучени
Refbacks се вклучени

Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Борис Капријанович WondeR Мистерии 0 26-11-2008 16:09
100 дена Влада Jakov Вести и Политика од Македонија 57 10-11-2008 19:09


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 21:46.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47