Дали сте за,или против 

Дали е добро што од 2009 ќе почнеме да ја земаме целата плата со тоа што сите обврски ќе останат на самите нас? Значи пријавување...здравствено,пензиско и слично? Јас мислам дека и не е баш нешто нај нај оваа работа,затоа што ако ништо повеќе ќе настане тотален хаос.Просто кажано во фондот за пензиско,или каде тоа треба човек да се пријави сам,ќе биде цела Македонија,а и не друго туку доообар дел и нема ни да се пријавуваат веројатно.Едноставно можете ли да си замислите што значи ако си земал нето плата 14.000 мкд наеднаш да земаш 28.000 ? Не сум сигурен дека би било баш така,ама слушнав дека во нормалните фирми а исто и во администрација давачките за пријавување треба да се исти колку што ти е платата,значи сега би земал двојно повеќе.Лично јас сум пријавен на минималец,што ќе каже некои 6.000 денари,ама дури и тие да ми ги дадат....барем некое време ќе поживеам со нив...не ми треба ни осигурување ни ништо.А како што гледам и поголемиот дел од луѓево се спремни да го направат истото.Едно што е лошо во целава ситуација е тоа што ќе мораш да оставиш многу пари ако случајно отидеш на лекар,ама дури и тогаш си се тешиш,ај бе демек имам пари
Што би правеле вие