“Во пресрет на проширувањето на НАТО, Грција нема да прифати мерки за градење доверба како противтежа на прашањето за името“ - ги уверувала Дора Бакојани останатите членови на грчкиот совет за надворешна политика кој денеска заседаваше во Атина. Екс -министерот за надворешни работи во владите на ПАСОК Теодорос Пангалос по средбата изјави дека Бакојани им рекла дека нема да се согласи со таква политика како одговор на грчкото барање за едно единствено име за меѓународна употреба кое ќе ја разликува соседната земја од грчка Македонија.
Прочитајте повеќе тука...