![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Македонска Берза Дневни тргувања, вести, финансиски извештаи и друго. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Магарестратор | Македонска берза - Macedonian Stock Excange www.mse.org.mk ![]() Македонската берза АД Скопје е формирана на 13.09.1995 година. Македонската берза АД Скопје е прва организирана берза за долгорочни хартии од вредност во историјата на Република Македонија. Македонската берза АД Скопје е организирана како акционерско друштво. Основни органи на управување на Берзата се: Собрание на акционери, кои го сочинуваат претставници на 20 акционери; Одбор на директори, со 8 неизвршни директори претставници на правни лица, акционери и учесници во тргувањето на Берзата, 3 независни членови и 2 Извршни членови, кои се истовремено и Извршни директори на Берзата; За извршување на своите основни функции, Берзата формира комисии и други тела и тоа: Комисија за котација; Комисија за прием на нови членки; Арбитража; Суд на честа Тргувањето на Берзата се врши на 2 пазари: Официјален пазар и Неофицијален пазар кој се дели на Пазар на јавно поседувани друштва и Слободен пазар. На официјалниот пазар друштвата се пријавуваат за котација, доколку ги исполниле условите утврдени согласно Правилникот за котација на хартии од вредност. Истовремено, котираното друштво презема обврска да ги објавува редовно во јавноста сите ценовно осетливи информации, кои може да влијаат на нивото на цената на акциите. На неофицијалниот пазар, друштвата се пријавуваат за тргување преку овластените брокери на членките на Берзата, согласно Процедурите за тргување. На Пазарот на јавно поседувани друштва се тргува со акциите на друштвата кои се водат во Регистарот на акционерски друштва на Комисијата за хартии од вредност. http://www.sec.gov.mk/mak/registar.htm На Слободниот пазар се тргува со сите останати хартии од вредност кои не се тргуваат на Официјалниот пазар и Пазарот на јавно поседувани друштва. Согласно Законот за хартии од вредност, сите трансакции со хартии од вредност во Република Македонија кои не котираат на официјалниот берзански пазар треба да се извршуваат неофицијалниот пазар на Македонската берза до 31.12.2005 година. Инструменти со кои се тргува на Берзата се долгорочни хартии од вредност и тоа: акции обврзници Плаќањето на трансакцијата и трансферот на хартиите од вредност се извршува во рок од 3 дена од денот на трансакцијата (Т+3). Закон за хартии од вредност Новиот Закон за хартии од вредност е усвоен во ноември 2005 година (Службен Весник бр.95/05). Одредбите од овој закон претставуваат континуирано подобрување на законската рамка која го регулира работењето со хартии од вредност и овозможуваат висок степен на усогласеност на македонската регулатива со меѓународните стандарди за хартии од вредност. Законот нуди нови законски решенија кои се во чекор со современите трендови во работењето со хартии од вредност во развиените земји од 1 Јануари 2006 година се воведува данок на капитална добивка остварена со продажба на хартии од вредност. Капиталната добивка се внесува во даночната основа во висина од 70% од разликата меѓу продажната и куповната цена на хартиите од вредност. |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 53 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| берза, exchange, Македонска, macedonian, stock |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Global stock and credit crash alert....... | TrOtOaRkA | Бизнис, Берзи и Економија | 0 | 18-06-2008 13:07 |
| The Macedonian Minority in Albania Report by Macedonian Human Rights Movement International (MHRMI) | BorisVM | Македонците во Албанија | 0 | 27-02-2008 12:54 |
| Stock Market Historical Valuations 1925 to 2007 | TrOtOaRkA | Бизнис, Берзи и Економија | 0 | 03-11-2007 14:49 |
| THE DEADLY ART OF STOCK MANIPULATION.... | TrOtOaRkA | Бизнис, Берзи и Економија | 0 | 27-10-2007 05:48 |
| Македонска берза | Jakov | Бизнис, Берзи и Економија | 1 | 02-05-2007 20:43 |