Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Архиви > ВМ Блог

ВМ Блог Блог заедница за членовите на Виртуелна Македонија Форумот.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 20-05-2007, 13:22   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Кокаин-мен
 
Аватарот на Zavisnik
 
Регистриран: Jun 2006
Локација: Скопје, Macedonia.
Мислења: 4.752
Слики: 16
Популарност: Zavisnik Новодојденец
Стандардно Мобилниот телефон и вибрациите

Некогаш, некој минувач шетајки по паркот нашол на една клупа заборавен мобилен телефон. Не бил многу позната марка, воопшто немал многу опции, камера, мп3 плеер...-само најосновните операции, повикуванње, примање повик, испраќање и примање смс пораки, само еден ринг тон на кој единствено бојата на звукот може да му се менува и вибрации. Значи, сосема едноставен, скромен модел но како што среќниот наоѓач во моментот немал никаков и попвеќе од потребен му бил телефон, овој во мигот сосема добро му дошол. Си го ставил в џеб осврнувајќи се предходно внимателно да види дали е сеуште некаде во близина оној што го заборавил и одкако не виде никого замина да набави полнач и сим карта со нов број.
Ехеее...жива радост! Скромното телефонче работеше супер добро! Новиот сопственик толку го засака што сфати дека неможе без него иако не е супер-нов модел и толку се навикна на него што и кога имаше можност да го замени за друг, не сакаше ни за жива глава да се откаже од него. Толку се врза за него што љубоморно го чуваше в џеб и не дозволуваше никој друг да го види, дури ни на најблиските пријатели не им се ни попофали што пронашол. Ако се случеше да заѕвони кога некој може да го види, набрзина ќе се сокриеше каде што никој не гледа за да го извади од џебот при тоа силно стискајќи го во својата дланка за што подобро да ги почувствува вибрациите во кои толку уживаше.
-А уживаше и телефончето, му годеше топлината од дланката, веќе подсушените електролити се освежуваа од таа топлина и тоа функционираше со максимум перформанси.
За жал, луѓето често грешат, посебно кога развиваат силни емоции. Така и наоѓачот на овој телефон згреши. Од што толку многу си го сакаше своето телефонче, љубоморно чувајќи го од погледите на сите други, премногу силно го стискаше во своите дланки не само за што подобро да му ги почувтвува вибрациите, туку и за да го сокрие од погледите на другите луѓе и за да му го пригуши звукот кој некој друг можеше да го слушне. Од тие несразмерно силни притискања, вибрациите откажаа, звукот на звонењето стана непријатен, дури почна и конекцијата со мобилната мрежа на операторот да ја губи.
Наоѓачот избезумен, не можејќи да сфати која е причината за настанатиот дефект почна да оди од еден до друг сервис залудно барајќи спас, можност да биде поправено неговото милениче, но секаде добиваше негативен одговор:„Немаме делови за овој стар модел“. Така после извесно време реши да го остави во фиока телефончето и да заборави на него обидувајќи се да си ја надомести загубата со некој понов модел...но не одеше. Не беше тоа она што требаше да биде. Лут, го колнеше најденото телефонче затоа што престана да работи и не сакаше воопшто да слушне за него.
Мина некое време, можеби и цела една година, а телефончето си остана во фиоката речиси во кома. Но гледај чудо, телефончето ослободено од премногу цврстиот притисок постепено почна пак да функционира. Еден ден сосема тивко заѕвони со познатиот ринг-тон. Наоѓачот го слушна, но луто му рече:„Цела година не сакаше да работиш, сега ти текна да ми ѕрнкаш?“. Веројатно сеуште беше лут не сфаќајки зошто телефонот престана да работи. А телефонот беше веќе сосема исправен, сам од себе поправен и регенериран, но...со едно сериозно оштетување кое никогаш нема да може да се поправи.-Можеше да вибрира само во раката на оној наоѓач што го пронајде на клупата во паркот, а ѕвонењето можеше само тој да го слушне зашто телефончето сепак се прилагоди, научи дека неговиот сопственик не сака другите да слушнат дека ѕвони, не сака да го видат.
И речиси секојдневно телефончето проѕвонува колку да му каже на својот сопственик дека е тука, исправно, подготвено да функционира, дека му треба топлината на неговата дланка, но сопственикот луто го замолчува секој пат велејќи му:„Не ми ѕвони залудно, си купив нов мобилен и супер ме служи“, а гласот му звучеше пригушено и лажно, јасно кажувајќи дека е изговорена невистина или полу-вистина.
Сосема логично, само од себе ќе се наметне прашањето, дали е наоѓачот само лут, или пак се плаши од тоа повторно да не го расипе телефонот доколку го земе в рака? Којзнае, ако не сфати зошто настанал дефектот, ќе биде само лут, но ако сфати ќе има телефон кој доживотно ќе му служи и функционира беспрекорно.
Zavisnik моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
 

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
HTML кодот е исклучен
Trackbacks се исклучени
Pingbacks се вклучени
Refbacks се вклучени

Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Мојот прв телефон Magical Storm Аудио и Видео Техника 13 04-01-2009 00:35
Кинеско чудо (телефон) Magical Storm Аудио и Видео Техника 0 02-12-2008 10:56


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 18:34.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47