Воспитување за секс??? Дали мислите дека во основните, и/или средните училишта треба да се воведе Сексуално воспитување како предмет? Јас мислам дека треба, и тоа во подоцните класови на основно училиште. Не како предмет по кој ќе се прават тестови и даваат оценки, туку како информативен предмет. За разлика од прекрасните слики на сперматозоиди што пливкаат по учебниците по биологија, по овој предмет би се изучувале - покрај основните работи за човечката репродукција - одбегнуваните теми кои децата ги учат од уво на уво, и тоа : контрола на раѓање и типови на контрацепција, пубертет и зрелост, сексуално преносливи болести а поготово ХИВ/Сидата, оптимална возраст за започнување со секс и слично.
Децата ни се екстремно незапознати со овие прашања (се сеќавате на прашањето, дали од анален секс можела да се оштети матката?) а родителите немаат време, желба или храброст, навреме да ги запознаат - и учат на улица, па дури и во пракса. 1. Треба. (Објасни зошто мислиш така) 2. Не. (објасни го својот став) |