Државна матура 2008 Првата генерација матуранти (околу 18 000 ученици) веќе го полагаше екстерниот дел од државната матура (мајчин јазик и странски јазик или математика (основно или напредно ниво)), а до 28 јуни треба да се заврши и со полагањето на интерните предмети. Со тоа завршува јунската испитна сесија.
Во една училница беа распоредени максимум 15 ученици. Во реализација на матурските испити беа вклучени околу 1 930 тестатори - наставници од основни и средни училишта.
При полагањето на државна матура само еден средношколец бил фатен како препишува (според мене - можно е само еден да НЕ е препишувал). Ученикот бил избркан од полагањето, а како доказен материјал наставниците ги зеле ливчињата од кои ученикот препишувал.
Моето веќе заврши и слободно можам да кажам дека матурата беше тотално промашена. Наместо проверка на знаења и способности на ученикот таа се претвори во проверка на способност за препишување, снаоѓање и групна работа.
А пак за интерниот дел ни да не зборувам - тотално промашен. Ако имаш кој да ти ги каже прашањата, ќе земеш ќе поднаучиш нешто и ќе земеш највисока оцена (5ка), ако не - ќе го/ја колнеш професорот/ката дедека е жив/а.
Јас не знам зошто ни наметнаа матура кога не беа спремни да ја спроведат?!?
__________________ Hello darkness, my old friend, I've come to talk with you again... |