Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Наука и Култура > Научно докажано и недокажано, Мистериозно

Важни забелешки

Научно докажано и недокажано, Мистериозно Дискусии за психологија, парапсихологија, астрологија, астрономија, мистерии и се што е чудно.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 22-01-2008, 19:43   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Lux et veritas.
 
Аватарот на No_One
 
Регистриран: Jul 2006
Локација: Во неговите прегратки.
Возраст: 39
Знак: Стрелец
Мислења: 9.351
Блог записи: 17
Популарност: No_One Новодојденец
Стандардно Знаците и стравот




Овен
Страв од ропство. Овните се луѓе кои не е лесно да бидат заплашени бидејќи секое застрашување за нив е предизвик на нивната вродена храброст. Стравот кај нив доаѓа од моментот кога ќе сознаат дека навистина стареат, ја губат телесната моќ и сила. На психолошки план, Овните се плашат од игнорирање на околината и непрознавање на успех. Во секој Овен постои и стравот од затворање или било какво ограничување на физичката слобода. За Овните својствено е на стравот да реагира со насилство, под паролата „Нападот е најдобра одбрана„.

Бик
Страв од сиромаштија. Добро испланиран живот кој го водат Биковите, не остава многу место за стравови, но стравот од сиромаштија, губење на материјални нешта, им виси над глава. Бидејќи сакаат да контролираат, овој страв Биковите ги прави уште по спори и по внимателни, па затоа кај нив се јавува уште еден страв – страв од брзоплетост. Во својот имот, Бикот го сместува и партнерот/саканата особа, па затоа стравот од сиромаштија по автоматизам се пренесува и на страв од губиток на љубовта. Бикот е најљубоморниот знак во хороскопот, но бидејчи е многу мирољубив човек, конфликтите ги решава смирено. Чувствува и извесна доза на страв од конфликти со околината кога треба да го заштити својот имот.

Близнаци
Играта ги штити од страв. Бидејќи и се прифаќаат како игра, Близнаците и не се толку многу страшливи. Ако и се случи да се исплашат, многу вешто ќе го прикријат стравот. Површните Близнаци се плашат од ситуации во кои треба да се заземе решителен курс и кај што треба јасно и без мрдање да се изрази силна воља. Чувствува страв од сериозни, строги, решителни и систематични луѓе кои почитуваат повеќе дела од зборови. На психолошко ниво, Близнаците се плашат од староста, бидејќи сметаат дека со нејзе, ќе бидат приковани на едно место и ќе станат зависни од другите.Но има и друго од кое се плашат повеќе и од староста – комуникативните Близнаци се плашат од самотијата и тишината која ја носи таа, така да цел живот се трудат да не останат сами со своите збркани мисли.

Рак
Фантазијата им ги потхранува стравовите. Со обзир на тоа што Раковите се многу врзани за семејството, домот...на топ листата води стравот од растурање на семејството. Самата помисла на развод, брачно неверство, губиток или заминување на член од семејството од домот и слични невољи, Ракот го фрла во депресија. Сличен, готово паничен страв чувствува од преселби, губење или оштетување на домот, и тука е таа готово непрегледна палета на „невољи„ и имагинарни несреќи кои ги активираат нивните стравови. Раковите се плашат и од злоба, освета, караници и неслога.


Лав
Страв од предавство. Во склад со особините на животното чие име го носат, Лавот со Овенот се најхрабрите знаци во хороскопот. Вистинската причина за неговата ароганција се крие во старвот од презир, јавно срамотење или неуспех. Бидејќи исклучителнио им е важно туѓо мислење, Лавовите “изведуваат„ јуначки дела, за ни случајно да не испаднат кукавици. Често знаат да изведат нешто само за да се направат важни пред некој друг. Бидејќи се работи за фиксен знак, Лавот се плаши од ситуации кои бараат од него да ја манува ситуацијата во правец и динамика која не може да ја контролира. Лавовите многу се окупирани со стравот од предавство на некој близок соработник или пријател, што ако продолжи да размислува интензивно, преоѓа во параноја.


Девица
Внимателни на неред. Свесна за својот недостаток на храброст, Девицата е доволно досетлива за да ги избегне ситуациите кои бараат храброст како главно оружје. Тие темелно и долгорочно ги планират сите можни проблеми и нивните реакции на нив, па кога некој проблем ќе се појави, спремно од арсеналот го вадат оружјето како ррешение. Затоа и ако се случи ситуација која Девицата не успела да ја предвиди, стравот потполно ја блокира. Доминантен е стравот од живот во неред, страв од дезорганизација и безвластие. Исклучително чувствителната Девица, цел живот се измачува со хипохондрија, се плаши од искажување на чувствата било своите, било туѓите кон нејзе.

Вага
Се ужаснува од конфликти. Во потрага по животна хармонија, Вагите повремено се соочуваат и со луѓето кои не ги делат нивните животни вредности. Страв од конфликти, караници, навреди, грубости се примарните стравови на Вагите но и страв од осаменост и изолација. На интимен план, Вагите во текот на целиот живот се плашат од одбивање, разочарување и искористување, но тоа не ја спречува да трча безглаво од една врска во друга бидејќи за нејзе е подобро да е со некој отколку сама. Вагите се вториот хипохондрик по ред во хороскопот после Девиците, така да и Вагите поседуваат цела колекција на стравови од секакви болести, почнувајќи од најобични настинки па до некои замислени опасни болести.

Шкорпија
Страв од немоќ. Наизглед како еден од најхрабрите знакови, но позади ладнокрвната и дијаболична маска се крие суштество кое баш и не е имуно на стравови, иако Шкорпиите сакаат да оставаат таков впечаток. Неговиот одбрамбен механизам од стравовите е мазохизмот, така да Шкорпијата не бега од стравовите, опасности и наилства, туку и помалку „кокетира„ со нив.Кога се работи за најсексуалниот знак во хороскопот, тука е стравот од сексуална немоќ, а веднаш по него следи стравот од старост, досада и ограничувања. Кај Шкорпиите постои доза на страв од предавство, лаги неверства и раскинувања.


Стрелец
Страв од притисок. Во овој за него безгрижен и алтруистички свет, Стрелецот наоѓа малку нешта кои му влеваат страв. Сепак, кога ќе се најде во ситуација под притисок или ограничување на слободата, и овој оптимистичен и ведар знак знае до одредена мерка да се исплаши. Исто така рамнодушен не го остава ни неправдата, суровост и насилство. Уште еден страв кај Стрелците е стравот од непризнавање на заслугата за некој деловен успех како и подметнувања во напредувањето на деловен план и развој на кариерата која му е и тоа како важна. Необично е што овој знак јасно и јавно ги искажува своите стравови без никакво стеснување.


Јарец
Страв од подсмев. Студената организираност и ефикасност на Јарецот, добро ги прикриваат низата на стравови кај него. Неговиот владетел застрашувачкиот Сатурн се погрижил да стравува од неговите имагинарни стравови кои во голема мерка се само имагинација од неможност за позитивни резултати, страв од сплетки, интриги, подметнувања и предавство. На второ место е стравот од „сплет на околости„ кои по негово уверување „го снаоѓаат само него„. Посебно место зазема паничен страв од можноста со некој негов потег или исказ да испадне смешен, односно да стане предмет на невкусно зезање.

Водолија
Грижа за целиот свет. Кај Водолиите постои строга поделба на лична и општа сфера во која влегуваат и нејзините ставови за општеството, политиката, религијата и слично, така да и стравовите се поделени по истиот принцип. По таа поделба Водолијата може да се вброи во храбрите знаци кога се работи за личната сфера, но од друга страна е преполна со грижи кога се работи за општата сфера.. Се ужаснува од појави кои се составен дел од животот на земјата како суровост, злосторства, војни, глад, нееднаков однос меѓу луѓето, расите, половите и слични обележја, посебно ако за нив лично претставуваат закана. Водолиите ги мачи уште еден страв, дека еден ден ќе бидат „присилени„ да ги напуштат нивните идеали и ќе „мораат„ да останат под влијание на владеачкиот систем и хиерархија, а исклучителен страв ги обзема од трајно врзување.


Риби
Ги плаши се. На скалата на хороскопот, ова е знак со кој најмногу владеат стравовите. Нивните стравови се еден голем спектар и тешко е да се прецизира и издвои од што најмногу се плашат. Вклучува голем дијапазон на телесно насилство, закани, навреди, самотија, отфрлање, болест и смрт, а посебно се плашат од духови, вампири и слични чудовишта и ликови од имагинацијата. Се плашат од природни катастрофи, а обична гужва и бука предизвикуваат во нив паника. Покрај доста долгата листа на стравови, Рибите имаат способност за пронаоѓање на излез од најтешките ситуации, така да стравовите и не ги парализираат во моментите на криза.
__________________
Is that a gun in your pocket, or you're just happy to see me...
No_One моментално е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
Знаците, стравот

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 09:52.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68