Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Наука и Култура > Научно докажано и недокажано, Мистериозно

Важни забелешки

Научно докажано и недокажано, Мистериозно Дискусии за психологија, парапсихологија, астрологија, астрономија, мистерии и се што е чудно.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 27-06-2008, 15:22   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Јосиф Сталин
 
Аватарот на WondeR
 
Регистриран: Sep 2007
Локација: Штип, Македонија
Знак: Близнак
Мислења: 3.928
Блог записи: 2
Популарност: WondeR Новодојденец
Thumbs up Вести од областа на науката

Планета која е три пати поголема од Земјата и слична на неа, откриена е со нова и проверена технологија т.н. гравитациски микроленсинг.

Овие денови британските научници од универзитетот во Манчестер во соработка со научниците од универзитетот во Нотр Дам открија планета која орбитира околу згаснатата ѕвезда позната како „црно џуџе“.
Планетата, која е три пати поголема од Земјата и слична на неа, до сега е најмала откриена планета со нова и проверена технологија т.н. гравитациски микроленсинг, која овозможува светлината на оддалечените вселенски објекти да се зголеми и до 500 пати и која досега се покажа најделотворна токму во пронаоѓањето на планети и ѕвезди кои се многу оддалечени и не можат да се видат со традиционалните земски или вселенски телескопи.
Имено, посебниот телескоп кој ја користи таа технологија ги прима светлосните бранови кои се прекршуваат од оддалечените објекти. Прв пат планетата е воочена со МОА-II телескопот од Маунт Џон, планетариум во Нов Зеланд.
Овие истражувања се од витално значење за астрономите кои сакаат да пронајдат планета која е налик на Земјата и која би можела да вдоми живот сличен на нашиот. Ова е многу можно, велат научниците. Само во 2007 година се откриени четири нови планети.
Новата планета која го доби името МОА-2007-БЛГ-192Лб три пати е поголема од Земјата и научниците веруваат дека има густа атмосфера и дека би можела да има и океани на површината. Поради густината на атмосферата која го загрева површинскиот дел планетата би можела да има повисока температура од Земјината.
НАСА исто така сака да се вклучи во откривањето планети кои се налик на Земјата. Планира поставување на нов вселенски телескоп - Џејмс Веб Спејс Телескоп, некаде до 2013 година, кој би можел да истражува знаци на живот на планетите налик на Земјата длабоко во далечната вселена, т.е. во нашиот Млечен пат, кој содржи милијарди ѕвезди и планети кои кружат околу помалку масивни ѕвезди како нашето Сонце.
Вреди да се потсетиме дека пред неколку месеци е пронајдена и помала планета слична на таа која кружи околу пулсарите, вртечки неутронски ѕвезди кои произведуваат силна радијација.
„Она што понатаму треба да го истражуваат астрономите се планетите во т.н. хабитална зона со многу мала маса“, вели Дејвид Бенет, главен истражувач на овој проект од универзитетот во Нотр Дам.
Во нашата Галаксија постојат 100 милијарди ѕвезди, многу од нив се многу слични на нашата ѕвезда, Сонцето. Значи ли тоа дека во нашата галаксија постојат милиони и милијарди планети слични на Земјата? Можеби дури и планети со облик на живот како нашиот?
До неодамна астрономите беа во можност да воочат само планети кои се многу различни од планетите на Сончевиот систем, но во август 2005 година група германски истражувачи открија нова планета надвор од нашиот Сончев систем, за која е можно да се формирала и развивала на ист начин како Земјата.
Откривањето на оддалечената планета со иста маса како и Земјата, научниците го сметаат за „свет грал“ во истражувањето на планетите надвор од нашиот систем. Врз основ на сегашните пронајдоци може да се процени колку време е потребно за формирање на планетите.
Настанувањето на планетите трае најмногу осум до десет милиони години, на што укажува староста на ѕвездите која довела до создавање на нова планета. Сонцето е постаро околу 500 пати од тие ѕвезди. Научниците успееја да докажат дека во ѕвездената плоча навистина настануваат планети.
Истражувањето на екстра соларните планети, т.е. планетите надвор од Сончевиот систем, започна кон средината на 90-ите години. Од тогаш се откриени повеќе од 250 екстра соларни планети. Со оглед на тоа дека планетите се наоѓаат до сјајните ѕвезди, како искра до рефлектор, најчесто не можат да се согледаат.
Според ова, астрономите прибегнуваат кон не директни средства на докази за постоење на ваквите планети. Пример, го користат фактот дека голем број планети се привлечени од своите ѕвезди додека кружат околу нив и при тоа иницираат нивно видливо нишање.
Многу планети се откриени и со метод на радијална брзина со која се испитуваат промените на местоположбата на спектралните линии на ѕвездите поради нивните придвижувања околу друго тело и метод кој посебно е погоден за детектирање на големи планети кои се наоѓаат близу централниот ѕвезден состав.
Многу методи кои денес се користат во потрага по егзопланети главно се чувствителни на планетите кои значително се разликуваат од планетите на Сончевиот систем. Според тоа, научниците продолжуваат со пронаоѓање на невообичаен вид на планети. Пронаоѓаат големи гасни планети на патувања близу средишната ѕвезда каде тие не можеле да се формираат, или, пак, мали цврсти планети на многу кратка оддалеченост, т.н. мод ѕвезди, кои исто така не можеле да се формираат, или пак значително големи сјајни планети многу оддалечени од средишната многу мала ѕвезда итн.
Но, научниците се уверени дека планетите слични на Земјата не се ретки во вселената, само мора да се пронајдат можеби со некои други методи. Основната потешкотија во детектирањето на планетите слични на Земјата околу другите ѕвезди е тоа што нивните димензии се мали, светлината која ја рефлектираат е незабележителна во однос на светлината на ѕвездите, па составот мора долго да се набљудува за да се воочи периодичното придвижување на планетите околу ѕвездите.
__________________
If you give voice to everyone it will come to chaos.


WondeR моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
Вести, областа, науката

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Вести WondeR Автомобили, Мотори и Авијација 55 03-10-2008 00:09
Науката и идеалите против леб и вода... reader55 Вести и Политика од Македонија 6 31-07-2008 21:08
Јанкулоска и Барак во Тел Авив потпишаа договор за соработка во областа на безбедноста BorisVM Дневни Вести 0 03-06-2008 17:40
Москва и Пекинг склучија договор во областа на нуклеарната енергија BorisVM Дневни Вести од Светот 0 23-05-2008 22:10
ИТ Вести WondeR Интернет 2 06-04-2008 21:32


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 05:58.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68